Ја знаеш онаа болка која не поминува? Да,таа…има име и лице

Ја знаеш онаа болка која не поминува? Да, таа. Не поминува…Стои како трн, токму таму близу срцето. Стои. Присутна и кога е отсутна. Да те запецка кога се смееш.Да те потсети. Знаеш се’.

Занеш дека не вреди. Знаеш дека сето тоа е токсично за тебе. Знаеш дека те труе до срж…ама нема крај. Битката помеѓу разумот и срцето…трае.

Знаеш дека секој пат кога ставаш “запирка” таму каде што одамна требаше да има “точка”, си создаваш по еден нов демон кој те држи будна долго во ноќта.

Му даваш време на времето. И пак ништо. Знаеш дека имаш мал милион причини за радост, за среќа. Се’ ти е јасно. Ги знаеш сите оние приказни за црната точка на бел лист хартија…За уметници без раце…за спортисти без нозе. Слушнато илјада пати, општо прифатено, речиси како религија. Совршен материјал за мотивационен говор.

Знаеш се’…Знаеш се’ напамет. Секое утро наоѓаш изговор да се разбудиш, да станеш од креветот. Да наместиш насмевка заради која се чувствуваш, како на усните да имаш милион мали иглички кои ја држат во насмевка. А секоја од нив ја чувствуваш…никој не ја гледа болката зад таа насмевка. Глума како за на Бродвеј.

Јака, додека се кршиш на илјадници парчиња. Додека се чувствуваш како да гребиш низ животот ползејќи на колена…чекориш исправено. Ја знаеш онаа болка која не поминува? Да,таа…има име и лице.

by Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: