Седев со мојот сопруг во една кафетерија и пиевме кафе. Тој беше млад и убав и јас го сакав. Носев старо палто, кој ми го правеше животот мизерен. Страдав од комплекси на пониска вредност и го мразев тоа палто кое воопшто не ме топлеше, ме покажуваше пред другите како скромна и недотерана жена.
Кафетеријата беше евтина, а кафето беше без вкус и мирис. Јас сонував, како еден ден ќе пиеме кафе во некој фин ресторан, а јас ќе бидам модерно и елегантно облечена.
Мојот сопруг ме гледаше со сјај во очите, тој ме сакаше и немаше поим што ме мачи.
И тој умре млад, а јас останав сама. И од тогаш во мојот живот имаше многу различни кафиња и кафетерии и многу модерни палта. А него го немаше… Често се сеќавам на оваа епизода, кога имав се’, но не бев свесна за тоа.
Јелена Рог
Извор: uspesnazena
Leave a Reply