Во животот сретнуваме 3 души кои ќе ни ја променат кармата и животот: дознајте како да ги препознаете

Секоја средба се случува со причина, бидејќи преку секој нов контакт, Универзумот сака нешто да ни порача. Дали е тоа важна лекција, благодет, благодарност или опомена- при секоја средба обидете се да читате меѓу редови и да истражите што таа средба носи и менува во вашиот живот.

На животниот пат среќаваме луѓе кои знаат да ја развеселат нашата душа, да ни донесат искра на љубов за која сонуваме и да ни помогнат духовно да се развиваме. Од друга страна, на тој ист пат можеме да сретнеме токсични луѓе, оние кои неочекувано ни се закануваат со отровни стрели додека стојат зад нашиот грб, а ние цело време мислиме дека тие се тука за да ни дадат ветар во грбот и да ни помогнат да напредуваме.

Сепак, животот е една крива и убава река која бара непрестано снаоѓање, соочување со убавините и предизвиците и постојано учење. Некои луѓе се појавуваат во нашиот живот одеднаш и остануваат засекогаш, а некои исчезнуваат по неколку минути. Колку и да се задржат, сите се појавуваат со одредена цел. Еве кои 3 души сите ги сретнуваме во животот, а се појавуваат со силна причина:

1. Душата како водич кон животната мисија. Овие се најчестите сродни души. Можеби дури и души кои сме ги сретнале во предходниот живот. Тие се тука за да не’ потсетат на нашата вистинска животна цел или мисија. Ни помагаат да ги надминеме препреките кои го кочат самоостварувањето и прават пријатно да се чувствуваме на возбудливото патување кое се нарекува живот.

Кога ќе ги сретнете овие души, веднаш чувствувате одредена поврзаност, единствена вибрација која прави вашето срце да затрепери на посебен начин. Во детството и младоста нашите соништа се поживописни, појасни и поведри, но како растеме, пополека ги забораваме. Обврски, брз живот, кариера, сметки, се’ што прави своите соништа да ги ставиме настрана и да се вклучиме, сакале ние тоа или не, во машината наречена живот. Затоа овие души се појавуваат за да не’ потсетат кои сме и што сме навистина.

2. Души како вистинско лице на вистината. Овие души се појавуваат во животот за да ве мотивираат да ги завршите започнатите работи и да направите нешто големо, за се’ да се претвори во стварност. Средбите со овие души на почеток можат да бидат исцрпувачки и да носат тежок однос во кој има многу непријатни чувства, а прва и главна е завист.

Можно е во односот со оваа личност да чувствувате љубомора и завист, бидејќи таа работи и живее она што вие одамна сте сакале. Но, таа не е тука за да ве потсети на вашите неуспеси, туку да ве мотивира и поттикне на исполнувањето на уште една цел.

3. Душите како половина на нашето срце. Ќе ги сретнете сосем случајно и неочекувано- во продавница, кино, библиотека, авион, автобус…Тоа се луѓе со кои имате многу заеднички ставови и погледи на свет. Ќе имате чувство како да го гледате својот духовен и ментален одраз во огледало. Ваквиот однос се одликува со брзо и силно поврзување. Можно е да им ги раскажете тајните кои не сте ги поделиле ниту со најдрагите луѓе во своето опкружување. Вашиот однос се развива и станува се’ подлабок, а потоа едноставно и неочекувано вашите патишта се разделуваат и контактот исчезнува.

Овие луѓе во вашиот живот доаѓаат за да пополнат одредени празнини и да ве научат на нешто ново. Можат да ви донесат и вистински поглед на одредени работи кои се моментално на листата на животните приоритети. Таквиот однос е многу важен, бидејќи може да ни помогне да се вратиме на вистинскиот пат и да направиме нешто вредно за себе. Се јавува само ако вашето срце е отворено и верува.

Не заборавајте, Универзумот постојано ни праќа свои изненадувања- Зошто да не’ ги прифатиме?

Извор: Lovesensa

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading