Маѓепсана, вљубена и разочарана…што треба да се научи од изневерените очекувања

Никој не сака разочарувања. Но, тие сепак се случуваат во текот на целиот живот. Постојано создаваме своја слика за луѓето, иднината, за нас самите и ако е тоа поубаво од она што стварноста ќе ни го покаже, тогаш се разочаруваме.

Очекувајќи нешто посебно- голема љубов, успех или убав годишен одмор- самите себеси по малку се маѓепсуваме. Нашиот ум создава некоја слика за која веруваме дека може да стане стварност. А кога таа слика, во судир со реалноста почнува да се распаѓа, повеќе не сме маѓепсани, туку разочарани. Кога завесата на умот се трга, гледаме нешто друго. Тоа ‘другото’ не е вистинито и стварно, туку само поинакво.

Како што разубавената слика не е стварна, така и сликата создадена низ призмата на разочарувањето не е стварна. Таа само го зголемува сето она што е во контраст со очекувањата. Значи, најпрво е пријатно чувството поради сликата со која умот не’ магепсува, а потоа се будат непријатни чувства поради тоа што таа слика не е стварна.

На прв поглед, тоа може да биде бесмислено, како да станува збор за некоја игра. Но, ако обрнеме внимание на целокупниот процес, ќе забележиме дека очекувањата, магијата и разочарувањето имаат смисла. Кога ќе паднеме на играта на умот и емотивно се врземе за некоја слика, тоа за што се врзуваме секогаш е нешто што ни недостасува или нешто за што мислиме дека може значајно да ни го промени животот на подобро.

Затоа е важно да се запрашаме: Што е тоа за што се ‘закачивме’? Првата важна информација која можеме да ја добиеме од маѓепсувањето и разочарувањето е: што е она кон кое се стремиме? Ова е важна информација, бидејќи еднаш кога ќе дознаеме кон што се стремиме, можеме свесно да се насочиме тоа и да го оствариме.

Благодарејќи на разочарувањата стануваме попаметни, поискусни и повнимателни. Разочарувањата се неизбежен дел од животот. Од растењето всушност. Преку нив учиме за живитот, за себе, за својата природа. Идеално решение е да не се очекува, да не се создава слика по свое за да не се разочаруваме.

Но, создавањето на слики не можеме да го избегнеме. Врз нивна основа ние носиме одлука. Кога своеволно влегуваме во нешто непознато, тоа го правиме затоа што стекнавме одредена позитивна претстава за тоа. Разочарувањата се дел од животот. Важно е така да се прифатат, а не како лични грешки кои можевме да ги избегнеме ако бевме ‘попаметни’ или ‘позрели’.

Ако ги прифатиме како дел од животот, од разочарувањата можеме многу да научиме. Тие можат да ни покажат што ни недостасува во животот и да не’ направат способни тоа и да го оствариме.

Извор: Sensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: