8 токсични навики кои го загрозуваат здравјето: ево како чувствата влијаат на состојбата на организмот

Покажувањето на чувствата е многу важно за личниот развој. Лошите навики и постојаното чувство на ‘грч’ несвесно сами си ги поставуваме. Работите кои ги правиме во текот на денот, можат да ни го уништат расположението, а за тоа да не сме свесни. Станува збор за токсични навики кои им се ‘случуваат’ речиси на сите. Важно е само да станеме свесни дека постојат и да направиме чекор за да им застанеме на пат.

1. Не покажувате чувства. Често се смета за слабост кога отворено покажуваме емоции. Уште во детството родителите ни зборуваа: ‘Немој да плачеш’ или ‘Немој да бидеш тажен’. Така малку по малку, учевме како во себе да ги држиме негативните емоции, а тоа никако не е добро. Стручњаците тврдат дека борбата со негативните емоции, всушност ги брка позитивните, бидејќи можете да одберете она што сакате или не сакате да чувствувате. Исто така, со затворање во себе, се одалечувате од блиските. Тоа влијае и на здравјето, па може да дојде до многу проблеми. Постојат многу нетоксични начини, чувствата да ги исфрлиме надвор, а еден од нив е на пример танц.

2. Не си дозволувате себеси да направите грешка. Можете во својата биографија да напишете дека сте перфекциониста, но дали знаете што тоа значи за вас? Постојано се обидувате да го достигнете совршенството, а идеално всушност не постои. И најмала грешка може да ве сруши психички, па затоа се чувствувате лошо, уште полошо е ако направите и некој здравствен проблем.

3. Сакате да бидете жртва. Фактот дека други луѓе или ситуации се виновни за нашите проблеми е брз пат до нашето самоуништување. Лесно е да се обвинат другите. Дали закаснавте на работа? Не сте вие виновни, туку гужвата во сообраќајот. Не можете себеси да си дозволите летување? Не сум јас виновен, не сакаат подобро да ме платат. Така никогаш не мора да ги контролирате ‘неправедните’ работи.

4. Секогаш чувствувате грч. Тоа може да има негативни последици на здравјето, како депресија. Мора да сфатите дека постои подлабок проблем ако често вака реагирате. Тоа може да биде било што, дури и ниска самодоверба. Ако некој ви каже дека сте глупи, дали тоа ќе ве повреди ако знаете дека тоа не е вистина? Ако одговорот е ‘да’ ,значи имате проблем со самопочитта па често чувствувате ‘грч’.

Со такво однесување само себеси си наштетувате. Често ќе се сетите на некоја негативна ситуација, постојано повторувате во главата и чувствувате лутина и беспомошност? Го трошите драгоценото време и енергија на нешто што не можете да промените.

5. Уверени сте дека можете да ‘читате мисли’. Никогаш не можете да знаете што другите мислат. Низ главата ви поминуваат мисли како: ‘Изгледам така глупо во нивните очи’ или ‘Веројатно мислат дека сум досаден?’ Не се казнувајте себеси и верувајте дека луѓето мислат најдобро за вас. Таа перспектива ја зголемува вашата самодоверба и ви помага отворено да комуницирате.

6. Фокусирајте се на туѓиот успех. Во ера на социјални мрежи, тешко е да не се споредувате со другите. Мислите дека вашата облека не е толку елегантна како кај другите и дека вашата врска не е совршена како туѓата? Копнежот за тие работи може лесно да ве направи несреќни додека заборавате на важни работи. Луѓето покажуваат она што сакаат другите да видат. На крајот ако постојано ги пратите туѓите животи, го занемарувате својот и губите време кое можете да го потрошите за изградба на сопствената среќа.

7. Зависите од туѓите мислења. Размислете, колку често се обидувате да оставите добар впечаток на другите луѓе и колку тоа ви носи среќа. Ако гледате дека тоа е многу често, размислете дали е тоа вредно за труд.

8. Постојано размислувате за минатото и иднината. Размислувањето за минатото или иднината не ве прави несреќни, но мора да постојат граници. Во времето во кое се наоѓате. На пример ако често размислувате за минатото, значи дека имате нерешени проблеми кои ве кочат. Ако потполно сте фокусирани на иднината, имате проблем со анксиозноста. Истражувањата покажуваат дека оние кои се фокусираат на сегашноста, се многу посреќни и поврзани со други.

Извор: stil/ 24 Sata.Hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: