Кога жената себеси ќе престане да се сака?

Жената ќе престане да се сака себеси, кога ќе заборави колку е посебна и кога ќе го занемари своето лице и телото, па ќе добие сива боја… Сето тоа директно ги навредува Боговите кои ја замислиле убава и убавината ја врзале во секој дел од нејзиното тело, низ сите животни фази и циклуси, од младоста преку заводлива зрелост и мудрост.

Кога жената ќе престане да се сака себе, поинаку се движи и облекува и ја опкружуваат лоши луѓе. Кога ќе ги заборави прво своите потреби, а потоа и својот изглед, кога станува тажна и грда, како и нејзиниот фустан и нејзините чевли и коса. Кога ќе и’ се угасне сјајот во очите и ќе престане да биде принцеза, што по раѓање и’ е дадено. Кога ќе овенат нејзините бои и ќе и’ биде сеедно како изгледа и што и’ се случува. Кога ќе ја понесе голема, широка, валкана река…

Кога жената ќе престане да се сака себеси, тоа значи дека ја разочарале оние кои по дефиниција требало да ја чуваат и заштитуваат од себе и светот. Кога сите туѓи потреби ќе ги стави пред своите и ништо за неа нема да остане, кога прва ќе стане и последна ќе легне, па ќе и’ станат груби прво мислите, па кожата.

Кога жената ќе заборави колку е посебна и колку е единствена таква каква што е, смеѓа или плава и кога ќе го занемари своето лице и тело и ќе ја смени бојата, ќе стане незабележителна и нечујна, како да се извинува што постои и ќе почне да се движи по периферните ходници на животот наместо по главната улица, како што и доликува.

Кога ќе облекува безлични фустани и ќе се откаже од нега, кога ќе ја скршат животните околности и кога ќе заборави на себе, па сета своја енергија ќе ја вложи на тоа да ги одржи системите во кои се живее и го снабдува секој со она што нему му треба.

И кога секое утро и’ е нов предизвик, а ако бидат многу тешки денови, кога тоа се’ ќе се случи- таа веќе се откажала од животот.

Но, ве молам не се откажувајте никогаш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: