7 одлики на ‘расипаниот’ човек

Расипаниот човек е како расипана конзерва- наизглед сосем обичен. Тешко се разликува. Токму затоа расипаниот човек е опасен. Ќе сфатите дека е таков кога е веќе доцна. Кога смртно ќе се отруете. Затоа на таков човек треба да се обрне внимание и да се очекува од него само најлошо- дури и ако убаво зборува, дели совети, се шегува и смее, ви подарува, ги осудува предавниците..

Но, постои нешто… мирис на расипано, речиси незабележително. Но, вие сепак добро погледнете, мириснете и допрете за да не се сопнете од таков човек.

– Расипаниот човек постојано за некој зборува и некој го осудува. Пренесува трачеви. Зборува зад грб, а во лице им се смее на истите луѓе, љувезно разговара со нив.

– Расипаниот човек е завидлив. Многу зборува за туѓите пари, бара ‘неправда’ во туѓите успеси, а потајно се радува на туѓите неволји. Се прави дека сочувствува, а очите му светат од среќа!

– Расипаниот човек има многу кавги зад себе. Се дружел со некој, бил близок, а сега по него фрла ‘и дрва и камења’. А луѓето со кои се дружел ни името не сакаат да му се спомне. Немаат кога, се лечат од повреди и отрови.

– Расипаниот човек ги брои поклоните кои на некој му ги дал пред сто години. И колку колачи изел неговиот другар пред триесет години, кога бил на неговата роденденска забава.

– Сите пари кои некогаш ги дал, расипаниот човек го смета за добро дело или изнуда. Во исто време, тие својот труд неверојатно го ценат и наплаќаат, иако расипаните луѓе по правило не работат обични работи, туку шпекулираат или фаќаат дебела ладовина.

– Расипаниот човек нема трајни пријателства. Има ‘пријатели’ со кои со задоволство ги озборува другите. Нема ниту стабилни лични врски бидејќи партнерите бегаат од него. На странците им зборува за најблиските и секогаш се жали на нив.

– Расипаниот човек постојано го пратат неубави приказни со парите. На сите им должи, не ги враќа долговите, а кога го слушате, испаѓа дека сите му се должни.

-Тој е лажго. Го фаќате во лага, но тоа не ве погаѓа во моментот!

Ќе ве погоди. Ќе дојде тој момент кога ќе ве погоди. Не го прекинувајте секој контакт, бидејќи ако го избркате, тешко вас од смрдеа и валканици. Само не сметајте на добри човечки односи. Тргнете се на пристојна раздалеченост, ако веќе не можете да побегнете. Да не смрди премногу..

Ана Кирјанова

Извор:Femina

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: