Драги мажи, пораснете веќе еднаш

Драги мажи, не знам дали некој ви кажал, но ако и’ ветите на жена дека нешто ќе направите, тогаш таа очекува тоа да го направите. Ако и’ кажете дека е единствена жена во вашиот живот, таа ќе поверува. Ако и’ кажете дека ја сакате, ќе верува дека не сакате да ја повредите. Пораката на приказната е: Мисли што ќе кажеш и кажи што мислиш.

Ако тоа не го направиш, не биди шокиран кога ќе поверува во твоите глупости. Најлошо од се’ e што таа ќе ти верува и кога сите околу неа ќе ја убедуваат дека си кретен. Таа ќе те брани и секогаш ќе ти даде прилика да ги објасниш постапките и да докажеш дека си вреден.

Жената со гордост ќе ја носи улогата која ќе и’ ја доделиш. Ќе посака да се расправа со светот, дури и ако ја увериш дека вашата врска мора да биде тајна. Всушност е тажно бидејќи тоа не вклучува само една жена, која на крајот ќе испадне будала поради тебе. Тоа ја вклучува и љубовницата, пријателката со привилегија и сите оние кои си ги уверил дека се единствени со кои си.

Секогаш им зборувам на жените да не ги бранат мажите кога ќе дознаат за друга жена, а посебно да не се лутат на другата жена, бидејќи и таа жена со гордост ја носи улогата во која е уверена. Исто така, запомни го тоа, ако имаш добра партнерка и покрај тоа имаш нешто на страна…ти си апсолутен идиот.

Оној момент кога љубовницата ќе се почувствува загрозено, ќе направи неред помеѓу тебе и ‘службената партнерка’. Ќе бара да биде твоја ‘службена’ и да се однесуваш подобро кон неа. На крајот ќе сфати дека си кретен. Ти на крајот ќе ги изгубиш и двете, бидејќи не можеш да бидеш верен.

Не знаеш што имаш додека не го изгубиш и уште поважно, ѓубрето на еден маж е благо за другиот. Вистинската болка ќе дојде кога ќе видиш како е среќна со друг- со некој кој ја цени и почитува. Немој да бидеш глуп. Комуникацијата е клуч. Кажи и’ ја вистината. Ако знаеш дека не сака тоа да го слушне, се надевам дека тоа е доволно. Дека е доволно паметна да те откачи или барем да ја реши ситуацијата меѓу вас двајцата.

Жал ми е што не ми е жал. Време е да пораснете, господо. Ако не можеш да ја кажеш вистината, немој да зборуваш. Искрено, во денешно време можеш да најдеш жена која ќе ти даде се’ што сакаш, но немој да ги користиш жените кои се ценат самите себе и сакаат вистинска врска, а не само авантура и лага. Биди маж. Бори се. Ако знаеш дека во нешто згреши, престани тоа да го правиш. Тогаш и понатаму ќе навивам за тебе.

Извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: