10 работи кои се поважни од мажите

Општеството сеуште му дава големо значење на бракот, па затоа е лесно да се почувствуваш неуспешен ако не најдеш маж (жена). Но, ако немаш ‘среќа’ да го најдеш својот пар, ќе имаш среќен живот ако го имаш и ова:

1. Вистински пријатели
Не е важен бројот на пријателите, туку нивниот квалитет. Дури и на најнезависните луѓе им се потребни еден или двајца пријатели, на кои можат да се потпрат во секој момент и во секој случај. Ако имаш такви луѓе, тогаш твојот брачен статус не е важен.

2. Омилена работа
Животот е премногу краток за да го живееш во страдање. Парите се важни, но ако ја мразиш својата работа, нема да бидеш среќен, дури и ако имаш маж. Треба да имаш работа која ја сакаш и која ја работиш со задоволство. А тоа секако и твојот живот ќе го направи вреден.

3. Самодоволност
Многу е полесно кога имаш некој покрај себе, но не постои ништо поинспиративно од свесноста дека можеш сам-а да се снајдеш. Самодоволноста доаѓа со време, а штом ја стекнеш, не можеш да зависиш од друга личност. Без оглед дали имаш врска или не, твојата самодоволност ќе ти помогне до крајот на животот.

4. Финансиска независност
Ова е посебно чувство на задоволство кога знаеш дека можеш да платиш се’ што ќе посакаш. И ова е животно важен фактор

5. Интереси и хоби
Дури и ако ја сакаш својата работа, погрижи се и се’ друго што работиш да ти донесе задоволство. Секако треба повремено да се одмориш од се’ и поради тоа треба да имаш свое интересирање- спорт, плетење, патување. Да имаш нешто што навистина ти се допаѓа да го работиш во животот, многу е поважно отколку да си во брак или не.

6. Голема самопочит
Кога точно знаеш, што заслужуваш, никогаш нема да се согласиш на помалку. Потребно е многу време и напор за да сфатиш колку треба да се почитуваш себе. Но, ако не го направиш тоа, тогаш еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш колку време и труд потроши на погрешни луѓе и работи.
Самопочитта е гаранција дека во животот и љубовта добиваш само она што ти треба и што сакаш.

7. Нешто што те мотивира
Тоа, што те тера да бидеш подобра. Тоа може да биде работа, спорт, социјален живот или личен развој. Понекогаш е тешко да се пронајде мотивација, но тоа треба да се направи за да се избегне состојбата во едно место.

8. Организирана грижа за себе
Не мора да бидеш фитнес- гуру или да пиеш зелени коктели, за да внимаваш на себе. Имаш само едно тело и ти си обврзан-а да создадеш таков начин на живот за да функционира на најдобар начин. За да бидеш здрав- а и среќен/ среќна.

9. Чувство на среќа, која не зависи од твојата брачна состојба
Некои луѓе сакаат да бидат во врска, додека другите секогаш сакаат да живеат сами. Но, една работа е- да признаеш дека ти е подобро во односот, а друга – кога цела твоја емотивна состојба зависи од присуството на друга личност. Кога можеш да најдеш и други извори на задоволство во животот, бракот е само убав бонус покрај се’ друго.

10. Вистинска љубов кон себе
Последно што ти треба е да се омажиш само затоа што немаш доволно љубов во животот. Вистинската љубов која постои е онаа која мора да биде во нас кон себе, независно од тоа дали ќе ја добиеме уште од некаде.


Извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2017/06/10-veshhey-kotoryie-nuzhnyi-tebe-bolshe-chem-muzh

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: