Не ја сокривај нежноста и никогаш не се срами кога ќе ти речам ‘Те сакам’.

Сакај ме, но не ги запирај моите крила ако сакам да летам. Не ме затворај во кафез, поради стравот да не ме изгубиш. Сакај ме, со понизна сигурност на твојата Љубов и никогаш нема да си одам, иако сум на далечно небо, ќе го пронајдам патот на твоите мисли, а ако бидеш со мене ќе те научам да леташ, а ти ќе ме научиш да останам.

Сакај ме со секој свој дел, за да можам да и’ припаѓам на душата, а не на телото кога ќе тe гушнам или ги љубам твоите форми. Сакај ме, не ја сокривај нежноста и никогаш не се срами кога ќе ти речам ‘Те сакам’.

Сакај ме, без оглед на аспектот, која нашата љубов ќе ја завземе, кога ќе го размениме вториот поглед. Сакај ме, дури и ако мојата страст ќе биде дива и кога моите патишта, понекогаш ќе бидат оштри или силни.

Сакај ме, онаков каков што сум и јас ќе те пратам со сладок чекор и ќе ја штитам твојата слабост од светот. Сакај ме и ќе го следам секој твој гест без збор. Сакај ме, малку повеќе од она што ќе ти побарам, бидејќи и јас тоа истото ќе го направам, одејќи покрај тебе.

Сакај ме и не гледај во мојот непристоен изглед или моите делови кои не знаат за убавина, не задржувај се на боите на моите очи, ниту на она што ме прави голем или мал или слаб или јак. Сакај ме, поради она што ќе видиш со затворени очи или поради она што чувствуваш, кога молчам во твоите раце, а не поради работите, кои луѓето ќе ги кажат за мене.

Сакај ме и живеј ја нашата Љубов. Сакај ме, секој ден како да е навистина единствен, но не и последен, само така секој пат ќе ја спознаеш мојата убавина.

Индијанска молитва за љубов
Извор: https://www.eticamente.net/54053/poesie-e-benedizioni-degli-indiani-damerica.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: