Ти си важна, иако мислиш дека не си

Кој го одредува вашето однесување, вие или вашата околина? Ако околината го одредува вашето однесување, секогаш ќе бидете условени да правите како што другите ќе кажат.

Навистина, тоа е еден од нашите најголеми предизвици на заедничкиот живот. Се плашиме дека ќе бидеме ‘исклучени’ и подготвени сме да направиме се’ и да се жртвуваме ако треба, само за да бидеме дел од некоја заедница.

Но, што е тогаш со нашиот величенствен дар на слобода?

Треба многу храброст за да бидеме верни на себе. Иако ни се чини, дека другите повеќе ќе не’ почитуваат ако работиме по нивно, на крајот сепак, ќе имаме поголемо почитување, ако го покажеме својот интегритет.

Не можеме секогаш да танцуваме, како што ќе ни свират другите, бидејќи постоиме поради својата задача, а не поради нивната. Таа задача треба да се извршува љубезно, храбро и чесно, иако другите за нас имаат свои желби и желбички.

На тој начин ќе покажеме, дека сме навистина самостојна и слободна личност. Да бидеш свој е еден од најголемите предизвици кои се поставуваат пред човекот, посебно денес, кога живееме во се’ потесен амбиент и околности.

Да бидеш свој, значи да сфатиш кој си навистина ти и да го одбиеш другиот, да ги одредува правилата на твоето однесување. Ако тоа нема да ти успее, секогаш ќе живееш некој туѓ живот, за на крајот да те дочека само жалење.

Луѓето пред смртта најмногу жалат, што во животот повеќе не биле свои, што секогаш други го одредувале нивниот живот и што на крајот сфатиле, дека на тој начин ја промашиле својата лична среќа.

Среќата е крајната цел на човекот и ако ја посакуваме, знаеме кој пат е пред нас. Пат кој не е рамен, по кој не одат другите, пат кој треба ние сами да го расчистиме.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: