Ако навистина се сакаш себеси, почни да ги правиш овие работи

Што е љубов кон себе? Еве најпрецизна дефиниција која ја сретнав. Љубов кон себе е заинтетесираност за развој.
Посебно нагласувам- за развој, а не на комфор и смирување на своите чувства. Затоа што носат до деградација. Бидејќи, задоволството се формира од два збора- задоволен и волја. Значи, ако навистина се сакаш себеси, почни да ги правиш овие работи.

1. Почни да ги решаваш своите проблеми
Напиши ги сите проблеми на хартија и означи колку време ги носиш во себе. А одамна можеше да бидат уништени. Зошто се мразиш себеси? Зошто повеќе сакаш да ја криеш главата во песок и да го влечеш тој камен со години? Размисли и одговори си себеси.

2. Престани да се жалиш себеси
Ако сфатиш дека тоа ќе ти помогне да станеш подобар- направи го тоа. Ладниот туш е непријатен. Утринското џогирање те носи во зоната на непријатност. Но, само така ќе растеш и ќе се развиваш.

3. Стави ја својата среќа во прв план
Не можеш да ги сакаш другите ако не се сакаш себе. Твоите блиски ќе добијат многу повеќе од тебе ако се посилни и појаки. А ако се жртвуваш за други, можеш да дадеш само мал процент од својот вистински потенцијал.

4. Почни да ги забележуваш своите победи.
Прво, напиши се’ што постигна. Направи од тоа дневник на лични достигнувања. Потоа секој ден на крајот од денот, запиши ги своите победи во дневникот на постигнувања. За една година ќе станеш колекционер на трофеи.

5. Престани да сонуваш на јаве
Ако животот го живееш со помош на автопилот, во староста ќе сфатиш дека си го проживеал залудно. Буди се што е можно почесто и менувај ги своите постапки ако од некои одговори не си задоволен.

6. Престани да контролираш она што е надвор од твоја контрола. Околу тебе има многу информации. А 99% од нив не се однесуваат на твојот живот. Бидејќи не можеш да влијаеш на тоа. Размисли што можеш и почни. На другите заборави.

7. Заврши со фокусирање на црно
Во природата е се’ дуално. Дури и ако имаш проблем, секогаш нешто бело и позитивно стои во него. Можеби можност да ги надминеш тие потешкотии и да станеш појак. Така секогаш и секаде, барај плусови- размислувај за нив, развивај ги. И тое ќе те издигнат на врвот.

8. Заборавете на своите недостатоци.
Сфати, недостаток е отсуство на природни склоности. Почни да се развиваш, онаму каде што си моќен.

9.Престани да го правиш она што не ти се допаѓа
Најди варијанти кои ти се на душа. Не ти допаѓа работата- промени ја. Не сакаш да трчаш- купи ролери, почни да пливаш или качувај се на стена. Запомни, ако правиш она што не ти се допаѓа, во тој момент се мразиш себе.

10. Не прави она што не те развива.
Напиши се’ што правиш и исфрли она што не ти помага да бидеш подобар. Потоа додај што може уште да се развие. И почни тоа да го правиш.

Извор: http://www.transurfing-real.ru/2018/02/blog-post_867.html

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading