Знаеш ли што ќе остане од човекот кога ќе го изневериш, повредиш, лажеш или оставиш?

Ќе му остане празнина на местото каде беа надежта и љубовта. Ќе остане само школка без тело и душа. И после тоа можеби многумина ќе го сакаат, но тој нив нема.

Нема да смее, нема да може, нема да умее било какви емоции да им возврати. Можеби многумина, само вистината ќе му ја кажуваат, но тој нема да слуша, нема да се грижи. Тие нема да разбираат, но тој ќе знае. Сите порано и подоцна ќе си одат, ќе го излажат или ќе го изневерат.

Тој повеќе сила нема да се крпи и да се составува после се’. И ќе зборуваат луѓето каков е сега, дека не е тука за никој, дека на никој повеќе не му помага како порано. Со блага насмевка на лицето која повеќе не ја трга, тој со тишина им одговара, дека ниту нему никој не му помогнал кога одвнатре умирал, кога најмногу му требало.

Тој помош одамна од никој не бара. Луѓето одамна ги избегнува. Со никој повеќе не зборува. Со тишината другарува, на самотијата му кумува. Еднаш отфрлен, на никој не сака да му се допадне, на никој повеќе да не му припаѓа.

Извор: tragmudrosti

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: