Од негов агол: Што ако ти кажам дека некогаш бев еден од бесчувствителните мажи?

Што ако ти кажам дека бев затворен? Емотивно осакатен. Што ако ти кажам дека правев се’ што можев, за да ја избегнам борбата и да се ослободам од одговорноста? Што ако, кога се расправаме во врска, секогаш не се обвинувам себеси, туку ги пронаоѓам грешките од твоја страна, за да го одбегнам она што се случува од моја страна? И како да се извлечам од оваа врска? Дали ќе сакаш сеуште да ме гледаш?

Некои жени да, без размислување. Некои жени излегуваат токму со ваква сорта мажи, како што сега ги опишав. И за жал, некои остануваат несреќно мажени и страдаат со години. Зошто? Бидејќи несвесно, ја привлекуваат оваа врста. И затоа што убаво се сместени во својот калап на ‘помагање’ на човекот кој се бори (сам со себе). Тоа е вистина.

Но, верувај ми, ти која го читаш ова и излегуваш со фраер како мене- не можеш да му помогнеш. Не можеш да му помогнеш. Не можеш да го промениш и никогаш нема. Тој мора да се промени сам. Поради себе. Ако му дојде паметот.

За среќа јас повеќе не сум тој тип. И секоја девојка со која бев порано, многу тешко можеше да ми помогне и да го смени кодот на моето срце, да ме отвори, да влезе во мојата глава и во мојата речиси уништена осакатена психа. Тоа беше така додека не пукнав. Но, пукнатинката не е поради ниту една моја девојка која се обиде да ми помогне. Едноставно стигнав до дното. Сфатив дека нешто ми недостасува. Дека сум сам, празен и едносравно несреќен. Падот беше многу лош. И болен.

Тој пад беше само мој. Никој не влијаеше на него и никој не можеше да ми помогне. Беше тоа нешто што морав сам да го решам со себе. И го решив.

Психологијата на моите неуспешни врски, ме доведе до заклучок дека сум дебил. Ниту една моја бивша не беше виновна за нашите пропаднати односи. Бев виновен само јас, бидејќи се плашев да се врзувам. А никогаш ниту еднаш немав ‘мозок’ тоа да го признам на глас. Сфатив со тек на време дека во квалитетна врска, во која другата страна ме разбира, нема да останам лишен за ништо. Нема никој да ми ја одземе слободата, а ако не се препуштам на емоциите, дури тогаш ќе бидам повреден.

Не можеш да се заштитиш од неуспех и не можеш да бегаш од себе. Сфатив исто така, дека и вие грешите. Силно се обидувате да не’ промените. Очекувајќи од нас да бидеме онакви какви што не’ замислувате. Некои измислени ликови од вашите глави. Некои фантазии, кои сте ги фиксирале покрај својот маж.

Кога очекувате вашиот човек да ги досегне тие нереални очекувања, тој секој пат ќе ве разочара. Потрудете се да дознаете кога е во ред да имате очекувања од него, а кога од себе. А јас ве разбирам. Сакате тој да го досегне својот максимум, да го открие сиот свој потенцијал. Да ги види сите свои доблести кои ги има, поради кои го сакате. А тоа кога- тогаш ќе го осакати вашиот однос.

Од друга страна, додека се надевате дека тој ќе се промени и со тоа вашата врска ќе стане подобра, всушност се губите себе. Секојдневно гледам такви ситуации и се трудам да им објаснам на луѓето дека здравите односи едноставно така функционираат. Односот не станува подобар ако другата страна ја прилагодите на своите потреби. Бидејќи тоа не е љубов. Таквите односи кога- тогаш пропаѓаат, бидејќи страната која е натерана на прилагодување во еден момент пука, независно од емоциите кои ги има кон вас.

Бега, бидејќи сака да се спаси себеси. Ние мажите тоа го правиме побргу од вас, бидејќи во себе имаме посилно чувство за самоодржување. Едноставно е залудно да се надеваш дека еден ден ќе се разбуди, со чувство за емпатија, кон тебе и кон вашиот однос. Дека ќе сака да се развивате заедно и ќе го гради вашиот однос во смер кој сте го замислиле.

Тоа никогаш нема да се случи. Не можете да го изместите. Потсетувам, тој е човек, а не колаче. Пустата надеж во подобрување на односите ве носи во фрустрација, презаситеност од се’ и чувство на жртва.

Уште повеќе грешите кога силно сакате да му помогнете околу нешто за што не бара ваша помош. Вашиот маж не сака помош. Точка, почеток и крај на расправата. Третирајте го како возрасна личност и верувајте му дека кога помош ќе му биде потребна- ќе ја побара. Ако упорно го напаѓате со сугестии да помогнете, тоа всушност е мал чин на агресија од ваша страна, која на него делува деструктивно. А уште полошо на вашиот однос. Ние сакаме да бидеме посилни и помоќни и независни.

Извор: Aportal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: