Психологот Лабковски за најголемата женска илузија- Никогаш не треба да се прилагодувате на мажот

Од некоја причина многу жени сметаат дека за да изградат добар однос со мажот, треба нешто да превземат по тоа прашање. Сметаат дека треба да го заведат, да се играат со него, да ги кријат своите цели и да лажат за тој да падне на нивниот шарм.

Но, работите се многу поедноставни отколку што мислат жените. Секоја жена која сака да освои маж, мора да биде своја и не смее лажно да се претставува само за да му се допадне. Ако сакате маж кој ќе биде семеен човек, кој со вас ќе има деца, мора да имате исти интересирања како него. Во никој случај не треба да се прилагодувате на мажот.

Мора да најдете некој кој размислува исто како вас. Ако сакате да проверите дали е тој вистински маж за вас само кажете му она што мислите без размислувања. Ако го разбере она што сакате да го кажете тогаш е тој вистинскиот, ако нешто ви замери тогаш не е.

Не се трудете да влезете во неговата глава и да размислувате за тоа како тој ве гледа и дали ве разбира. Бидете свои и не дозволете да ве совладаат стравови и стереотипи. Најголемиот проблем кај многу жени е тоа што не можат да се прифатат себе. Се плашат дека не се доволно добри за да може мажот да ги засака. Се плашат дека ако се покажат во вистинско светло, мажот ќе ги напушти и ќе замине.

Тоа не треба да ве плаши, да покажете кои сте вие навистина. Мажот кој ќе ве сака, токму поради тоа ќе ве почитува и уште повеќе ќе ве сака, а врската ќе биде на стабилни нозе и ништо не ќе може да ја разниша.

Извор: infpult

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: