Само спомени во некој агол…

Истата соба, кревет, истата песна. Истата соба. Онаа во која танцувавме на нашата песна. Истата песна која сега ечи низ секој агол во онаа мала просторија. Истата соба, но сега изгледа попразна од било кога. Истиот кревет, но сега изгледа поголем од било кога. Истата песна, но сега звучи поразлично од било кога.

И знаеш, можеби требаше да ми ги купиш оние рози од пазарот. Или, да ме однесеш на забавата на која толку многу сакав да одам. Или, да ме фатеше за рака додека ме носеше дома, додека не сакаше да ме пуштиш сама да си одам, оти не си сакал да дозволиш било што да ми се случи, а да не бидеш тука за да можеш да ме заштитиш. Да ме однесеше на секоја забава, знаејќи колку многу сакав да танцувам. Твоето его не ти дозволи за последен пат да бидеш маж, па избега ко детенце, оставајќи ја таа твоја глупава, мила насмевка, која и ден денес ме гони дури и кога очите ќе ги затворам. Избега ко детенце, не сакајќи да го направиш последниот спомен – за последен пат да танцуваме на нашата песна.

Кој би знаел дека љубовта во крадец ко тебе, ќе биде толку тешка и речиси невозможна? Крадец, кој себично ми го украде единственото вредно нешто што го носев во себе. Единственото вредно нешто кое што го негував со години, ветувајќи му сигурен и топол дом. Единственото срце кое бев спремна да ти го предадам кога слепо љубовта ти ја давав. Единственото срце кое чукаше само за тебе, а ти успеа да го скршиш. Срцето, кое после се’ се надева дека еден ден розите ќе и’ ги подариш на неа, и ќе ја држиш за рака. Дека еден ден ќе ја сакаш, по силно и по вистински, отколку кога беше мој, а јас твоја.

Требаше да ми ги купиш оние цветови и да ми го подариш целото твое време на овој свет, кога имаше можност. Тогаш кога ти признав дека не би знаела што би правела ако те изгубам. Тогаш кога ти ми кажа дека не треба да размислувам на тоа, бидејќи беше сигурен во нас, и во се’ она што можевме да го имаме. Тогаш кога ми рече дека ќе ме сакаш, засекогаш. Истиот тој момент, кога ме излажа гледајќи ме во очи, а длабоко во себе знаејќи дека набрзо се доближуваше крајот. Истиот тој момент кога толку слепо ти верував на зборовите, кога толку чисто и детски те сакав, кога по секоја ѕвезда што паѓаше на небото, единствената желба што секогаш ја посакував, го носеше твоето име.

Сара Илиевска

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading