Никој нема да си оди од она што го прави среќен: Лекции кои ги научив од погрешните мажи

Сите бивши и пропаднати врски се одлична лекција и мотивација за нашата подобра иднина. Тие оставаат многу болка, несигурност, понекогаш и вина, но исто така и многу мудрост. Наместо да се прашувате зошто врската пропаднала, подобро е да се фокусирате на тоа што можете да научите од секоја од нив.

Страста не трае вечно: Она што чувствувате на почеток на врската ќе испари. Ќе останат некои емоции, но страст ќе има се’ помалку. И тоа не треба да ве плаши, бидејќи во вистинските љубовни врски таа страст ќе ја замени чиста љубов и доверба, а тоа е она најубавото во врската.

Луѓето не ви припаѓаат: Кога сте во врска, често мислите дека партнерот ви припаѓа само вас. Што побрзо сфатите дека луѓето не ги поседувате, тоа подобро. Тоа значи дека немате право да управувате со нивните животи, навики и особини само затоа што можеби сте долго во врска.

Следна и многу важна лекција -никој не си оди од таму, каде што е убаво. Ако вашиот партнер не ужива со вас, постојано ви се заканува дека ќе ве остави или со ситни знаци го покажува тоа -тоа е јасен знак дека тука не му е место. Оној кој ужива со вас нема да посака да си замине.

Можете да се промените само себе: Вие не можете да очекувате дека некој ќе се смени поради вас, ниту можете тоа да го барате. Сите работи кои се форсираат на крајот се кршат. Пуштете работите да одат по својот тек, а времето ќе покаже дали нешто е вредно за вашиот труд и време. Компромисот секогаш мора да постои, но секогаш имајте на ум дека во врската можете само себе да се менувате.

Некои луѓе не заслужуваат за нив да се бориш: Многумина мислат дека љубовта е борба; дека во љубовта мора да се бориш за да те сакаат и да ја сочуваш својата врска. Она што многу луѓе не сфаќаат е дека постојат луѓе за кои не треба да се бориш. Кои не те ценат, не те почитуваат и кои лесно можат да те заменат- таквите луѓе треба да се остават што побргу, а не да се борите за нив.

Извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: