Дали да се смирите со бившиот или не?

Ја раскинавте врската, но сепак остана хемија и она што е поважно -љубов. Често по главата ви се вртат мисли да се смирите, но секогаш нешто ќе ве спречи да и’ се јавите на таа личност, да го обновите контактот и на крајот си го поставувате прашањето- дали ќе се смирите?

Тоа не е лошо бидејќи, таква одлука не се носи ‘преку ноќ’. Поставете си себеси неколку прашања и размислете за следните ситуации. Најважно е да сте сигурни дека можете да му верувате. Размислете дали имало некои проблеми со довербата претходно, а потоа расчистете ги пред повторно да се впуштите во односот. Еднаш кога тоа го расчистивте, како и други несогласувања и проблеми, оставете ги сите во минатото.

Почетокот треба да биде свеж и позитивен. Не ги повторувајте оние грешки кои го предизвикаа прекинот. Ако во некои работи не се согласувате, а сепак можете да бидете заедно, не ја почнувајте расправијата за нив. Секој нека има свој став и не дозволете некои ситни разлики да ве донесат до судир.

Задолжително дефинирајте го односот. Дали е нешто минливо, некоја авантура, стрес или планирате сериозно овој пат. Не дозволете да се најдете со прашалници над главата. Нема да биде лошо, пред да се смирите, да ги прашате своите пријатели и семејство што мислат за тоа. Имајте на ум дека тие на таа врска гледаат појасно бидејќи не се врзани со чувства. Ќе ви биде полесно кога ќе треба да ја донесете таа одлука.

Извор: femina

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: