Кога оптимистична жена ќе се заљуби во токсичен маж

Ја гледаш, изгледа како сите конци да ги држи во своите рацете. Таа е светло каде и да оди и убавина зрачи од нејзината душа. Таа им помага на другите, им простува и од срце се смее. Но, тогаш ќе го запознае него и се’ се менува за миг, а вие, нејзините пријатели, почнувате да ги забележувате сенките во нејзините очи и напнатоста во нејзините рамена.

Не се смее така лесно, ниту така често. Ниту сака така срдечно, бидејќи е толку зафатена со одржување на таа своја ‘врска’ во живот. Исцрпена е од напорот него да го направи среќен. Можеби сте и вие, исцрпени гледајќи ја како се обидува да го задржи за себе и да го спаси она што го смета за однос. Се почесто разговарате со други пријатели и членови на семејство, како сте загрижени и немоќни, прашувајќи се како таа со леснотија лаже дека е добро и дека се’ е во ред. Додека светлото во очите и’ се гасне, вие чувствувате како вашата грижа расте.

Зошто тоа го трпи? Отровниот партнер знае како да ја задржи во тој нејзин оптимизам, како да го потикнува. Отровниот партнер знае дека без оглед на тоа колку денес лошо се однесува кон неа, таа ќе заспие мислејќи дека утре ќе биде подобро. Отровниот партнер знае дека таа ќе претпостави колку тој дава се’ од себе подеднакво како и таа. Тој знае дека нејзиното срце, полно со наивна надеж ќе претпостави дека тие имаат само проблем во комуникацијата, а не оние проблеми со контролата- неговата контрола над неа!

Отровниот партнер знае дека таа од ден на ден, ќе се надева на најдобро и затоа може да избегне да и’ даде повеќе од ронки. Тој знае дека кога конечно ќе каже нешто убаво, таа восхитено ќе каже: ‘Ахххх! Конечно! Тоа си вистинскиот ти!’ И ќе заборави на лутината од порано.

Преку овој процес на прекрасна и оптимистична жена се трошат години, на некој кој нема интерес да се менува. Тие жени и понатаму веруваат дека комбинацијата на напорна работа и трпение ќе резултира со однос за кој сонуваат- ако само пронајдат сила сето тоа да го издржат. Веруваат дека со време работите ќе се поправат.

Оптимистичните жени се сигурни дека ако можат да работат на себе, тогаш можат да го трансформираат односот. Факт е дека тие жени се подготвени за промена што му овозможува на токсичната личност да ја увери дека мора да се промени. Таа ќе го проценува начинот на кој комуницира, ќе ги истражува своите расположенија, ќе провери дали има многу барања.

Всушност, ќе анализира се’ освен едноставниот факт: ако отровната личност може да ја натера да се промени, тогаш токсичната личност нема потреба да се менува. Значи, кога ќе се случи расправија, отровната личност ја обвинува оптимистичната жена, а таа креира план за личен раст за да го преживее односот.

Тоа е болна игра во која оптимистичната жена егзистира како во свој личен пекол и отровниот маж, и’ зборува дека треба повеќе да се труди. Нејзиниот оптимизам го заслепува она што се случува, а токсичната партнерска маска, како и нивниот повремен систем на награда, спречува да ја види вистината: таа е во игра, која не ја сфаќа како игра.

Игра во која нејзината сила се користат против неа. Игра во која нејзиниот оптимизам е всушност слабост. Секој кој сакал отровен партнер или родител може да ви каже дека согледувањето на вистината е разорно. Нашиот оптимизам на многу начини не’ штити. Не’ штити од тоа да сфатиме дека сакаме некој за кој се надеваме дека на ист начин не’ сака нас. А потоа сфаќаме дека сме во игра која не ја разбираме. Тоа не’ крши.

Да се биде оптимистична и љубезна личност, да се простува, да се надева и да се види најдобро во луѓето се основа за нешто убаво. Има неверојатни луѓе кои ќе сфатат дека овие прекрасни особини се премногу драгоцени за манипулација, за со нив да се игра и изгуби. Тоа се врста на луѓе со кои можете да бидете оптимистични.

Извор: Elephant Journal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: