Причини зошто луѓето најчесто изневеруваат?

Толку луѓе живеат во лажни бракови и на сите, нивните партнери им се досадни и тешки. А љубовниците? Е, тие им се совршени, со нив се’ се може. Освен едно: да се биде заедно.

Повеќето односи пропаѓаат бидејќи немавте време и трпение. Бидејќи љубовта не е само кога е убаво. Бидејќи луѓето не се трудат. Запоставуваат. Бараат изговори. Бидејќи обврските ги сметаат за обврски, а не дел од животот. Бидејќи секојдневието го сметаме за досадно, наместо во него да ја најдеме смислата.

Мислиме дека љубов е само кога е возбудливо. Дека интимата е само кога е се’ совршено. Дека жените мора секогаш да изгледаат како порно глумици, а мажите дека секогаш можат. Мислиме дека љубовта е живот без стрес и расправии. Без проблеми. Без никаква потреба освен сакање, а не е. Кога луѓето ќе научат што значи запознавање на еден човек, кога навистина ќе ја сфатат вредноста на таа прилика, подлабоко да се запознаваме едни со други, нема да трчаат површно да се запознаваат.

Најмалку себе. Нема да ги занемарат нечии длабочини.Влегување во нечии свет. Страв. Дилеми. Нечија кожа. Коска. Болка. Нечија мисла. Треперење. Нечиј склоп. Ќе биде вредно да делиме со некој со кој можеме. Ама не е.

Често луѓето си одат по првата расправија, препрека, проблем. Така луѓето живеат лажни бракови. Триаголници. И на сите, нивните партнери им се досадни и тешки. А љубовниците? Е, тие се совршени. Со нив се’ може. Освен едно: да бидат заедно. А никој не се прашува зошто?

Реално, нормално дека може да биде совршен некој со кој не плаќате сметки, не ги делите проблемите, не го делите животниот простор. Тој. Таа. Секогаш се подобри од вашите партнери зошто никогаш и ги нема. Ги нема во вашите будења. Во вашиот стрес. Ги нема во вашите несовршености. Кога пиете кафе. Празните сметки. Опомени. Ги нема во вашите селидби. Во децата. Во вашите најлоши изданија. Бидејќи ако ги има, знаете што би било? Исто што и со вашите партнери. Ќе мислевте дека тоа повеќе не е љубов. Ќе го заменевте со некој нов. Подобар. Наизглед совршен.

Затоа луѓето се неверни во односите. И затоа речиси никој од таква прељуба не се развел. Ниту тоа ќе го направи. Луѓето повеќе сакаат да ги живеат своите лажни животи отколку својата стварност и стравови. А ако им посветите толку внимание и време на своите односи? Партнери. Комуникација. Дали се потрудивте да го запознаете вашиот партнер подобро? Да го прифатите. Вкусите. Да ги запознаете неговите хаоси. Можеби друг нема да ви падне на памет. Можеби најважно од се’, ќе биде да го задржите. Некогаш Некаде. Во некој. Потполно. Бидејќи љубов не е само кога е убаво. Туку и кога е најлошо.

Извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: