Жената не е сама затоа што не знае што сака, туку затоа што сака да биде слободна

Иако многу жени не се сложуваат и не сакаат да разговараат за стереотипите кои се врзуваат за слободните жени, тие и понатаму постојат. Како и многу други стетеотипи и овие воопшто не се вистинити. Тие само ги намалуваат шансите на слободните жени да го пронајдат вистинскиот партнер и среќа, бидејќи поголемиот број на мажи за жал веруваат дека се вистинити.

1. Сами се бидејќи се избирливи; Некои луѓе погрешно мислат дека жените кои се сами имаат високи стандарди. Жените само не сакаат било кој да го пуштат во својот живот, бидејќи не сакаат секој да остави траг во него. Затоа не дозволете коментарите за вашиот избор да ве стегаат и никогаш не ги спуштајте своите стандарди.

2. Осамени се и очајни; Жените кои се слободни никогаш не се осамени. Да се биде сам и да се биде осамен има потполно различно значење, но за жал, многумина тоа не го разбираат. Тие имаат свое семејство и пријатели, покрај кои никогаш не се чувствуваат осамено.

3. Нивните очекувања ниту еден маж не може да го исполни; Секоја жена треба да ги знае своите вредности и да добие она што смета дека го заслужува, посебно од својот партнер. Слободните жени имаат очекувања како и сите други жени и нивните очекувања не се повисоки или нереални.

4. Сами се бидејќи не знаат што сакаат; Ова е веројатно најлошиот стереотип за слободните жени. Поголемиот број на жени знае што сака и не сака да се задоволи со ништо помалку. Можеби е тоа една од причините зошто им е потешко да го најдат вистинскиот партнер, но тоа не е причина да ги намалат своите стандарди.

5. Имаат страв од физичка блискост; Многу жени имаат страв од блискост поради некои проблеми од своето минато, но тоа никогаш не е причина да започнат врска. Тие веруваат кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер ќе можат тоа да му го објаснат и дека тој ќе им даде време да го надминат.

6. Тие се феминистки и тоа им го отежнува пронаоѓањето на партнер; Што значи да се биде феминистка? Личноста која се бори за женски права? Поголемиот број на мажи и не знае што значи зборот феминистка и често се плашат од такви жени иако немаат причина за тоа. Тие немаат ништо против мажите, тие само се борат за жените и за она што тие заслужуваат.

7. Поважна им е кариерата од љубовта; Без оглед на тоа колку жената е успешна, својата кариера никогаш нема да ја стави на врвот на приоритети. Никогаш тоа нема да влијае на вашата врска. Многу жени сакаат да се фокусираат на својата кариера, но тоа не значи дека во животот не им се важни и други работи.

8. Не веруваат во љубов поради лошите искуства од минатото; Жените се јаки и без оглед на тоа колку пати се повредени, секогаш ќе пронајдат начин да закрепнат и да почнат од почеток. Никогаш нема да изгубат верба во љубовта, бидејќи љубовта им е најголема мотивација во животот. Љубовта ги задвижува. Тие се свесни дека љубовта никогаш не ги повредила, туку луѓето.

9. Не сакаат да се омажат и да имаат деца; Иако навистина постојат жени кои не сакаат да се омажат и да имаат деца, повеќето жени посакуваат еден ден да имаат свое семејство и деца. Тие само сакаат партнер кој ќе ги сака и почитува исто толку колку се тие подготвени да сакаат и да го почитуваат него. Никогаш нема да се задоволат со тоа да бидат во врска со некој само за да имаат партнер.

Извор: infpult

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading