Игнор- најдобра стратегија за сплеткарошите

Кога сте нападнати, посебно од блиски личности, повеќето од нас тежат кон повлекување и изолација. Тоа овие сплеткарошите и го сакаат-  да се изолирате и да се повлечете, како вие да сте виновни и  да им олеснете при нивното ‘земање под свое’ и на остатокот од вашето опкружување.

‘Ако луѓето сакаат да те срушат, тоа значи дека си над нив’- вели стара изрека. Во денешниот свет, кога сите трчаат по успех, слава и моќ, моралот и правдата пополека исчезнуваат, фер- играта станува мисловна именка, а газење преку сите до целта- потреба.

Суетата е дел од сечиј работен ден, завист и љубомора, на многу од нив им пишува на челото. Неправдата поминува неказнето, а оние искрените и добри луѓе не знаат што да прават.

Кога во таа игра, со својата работа, труд и на чесен начин ќе ги престигнете оние амбициозни и воглавно без покритие самоуверени, тие ќе почувствуваат желба за одмазда. Ќе почнат да сплеткарат и ќе се обидат, со озборување да ве спуштат на свое ниво, провоцирајќи ве со двосмислени изјави.

Ако ова ви се случи, мора да знаете едно- игнорирањето е мајка на сите одмазди. Кога е игнориран, човек се прашува зошто. Уште ако оваа повратна реакција ја предизвикал со лоша намера, тоа нема да му даде мир. Ќе се прашува што мислите, што ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте направиле ова или она, дали се откриени нивните намери.. Поради сето тоа, на крајот потполно ќе се изгубат и се’ ќе им се врати како бумеранг.

Одмаздата не е вистинскиот пат. Таа е како шума- лесно е да се изгуби правецот, да се залута и да се заборави од каде си тргнал. Една стара изрека вели:’ Се’ што е потребно за триумф над злото е кога добар човек нема да направи ништо’.

Тоа се однесува на отсуство на реакција на туѓата пакост. Кога на нив воопшто не реагирате, туку се правите дека не се случиле или дека тие личности не постојат, случката и пакосните луѓе всушност немаат никакво влијание на ништо. Сфаќајќи дека се’ што направиле е залудно, а да биде уште полошо, не знаат ниту што знаете ниту што мислите, а тоа ги излудува, им го мати разумот и ги спречува да успеат во подлата намара.

И тоа е причина зошто, уште еднаш да подвлечеме- игнорирањето е мајка на сите одмазди.

Интелегентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за свој просперитет, но тоа нема врска со туѓите животи и сплетки. Ти се осветуваат на следниов начин:

1. Не дозволете емоциите да управуваат со вашите постапки и како одмаздата е приватна работа. Тоа ќе направи подоцна да се чувствувате лошо и затоа работете она во што сте најдобри, без свртување, озборување и вишок разговори со оние кои тоа не го задлужиле.

2. На оние кои сплектарат не треба да им се попушта, да им се угодува само поради мир и привидна хармонија во опкружувањето. Напротив- мудрите луѓе со двосмислени изјави даваат до знаење дека се свесни каква е таа личност, само да им докажат дека не се слепи и дека тоа нема да може да се повтори, а да нема последици.

3. Кога се нападнати, посебно од блиски личности, повеќето луѓе тежат кон повлекување и изолација. Тоа злобниците и сакаат- да се изолираат и да се повлечете како да сте вие виновни и успат да им олеснете да го земат под свое и остатокот од вашето опкружување.

4. За да ја избегнете етикетата: ‘Нападот е најдобра одбрана’, пуштете некои работи да мируваат. Ако се изнервирате и во бес го возвраќате нападот, ги откривате своите слабости и така го храните оној на кого тоа му е цел.

5. Ништо повеќе нема да повреди пакосен човек од туѓата среќа. Тоа е уште еден во низата причини зошто интелигентните луѓе стануваат уште поуспешни тогаш кога некој се обидува да ги повлече на дното. Најлошо што можете да направите е да возвратите со иста мерка. Во тој случај ништо не сте подобри од оној кој ви прави зло, а како што рече некој: ‘Злото со зло да се исправи неможе’.

Извор: Курир

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: