Како зрелите жени се носат со тешките луѓе?

Некои велат дека искуствата се најдобри учители. Емотивно интелигентните жени тоа го знаат. Тие знаат дека предходниот проблем со тешка личност, обично раѓа нов проблем. Да се стане успешен бара емотивна интелигенција. Емотивната интелигенција ви нуди стабилност на долги патеки. Низ овој процес ги запознавате тешките и токсични луѓе кои се спротиставуваат на логиката и кои вашата животна сила ја ставааг пред предизвиците. Таквите луѓе во вас будат стрес и негативност, а ево како со нив се носат емотивно интелигентни жени.

1. Тие поставуваат граници. Не можете да им удоволите на сите, ниту можете да исполните сечии очекувања. Кога ова еднаш ќе го прифатите, ќе решите многу проблеми, несигурности, чувство на помала вредност, желбата за признание од другите и грижа на совест. Емотивно интелигентни жени се издигнуваат над хаотичните ситуации и одржуваат дистанца со тешките луѓе.

2. Тие се фокусираат на решението. Наместо да се фокусираат на проблемите кои ги предизвикуваат тешките луѓе, тие се фокусираат на активност кои ќе ги подобрат околностите.

3. Тие не забораваат. Некои велат дека искуствата се најдобри учители. Емотивно интелигентните жени тоа го знаат. Тие знаат дека предходниот проблем со некоја тешка личност обично раѓа нов проблем. Дури и тогаш кога мора на таквата личност да им дадат втора шанса, тие ќе се обидат да се заштитат наоружани со знаење кое го стекнале од предходните искуства.

4. Тие го прекинуваат негативниот разговор. Тешките личности се полни со негативност и критика. Емотивно интелигентните жени одбиваат тоа да го слушаат и одбегнуваат мешање во разговор кој создава тензија и поттикнуваат негативни емоции. Сите знаеме колку такви разговори буквално не’ исцрпуваат, колку сме вознемирени, без да ја постигнеме целта. Не влегувајте во таква замка!

5. Тие се фокусирани на својата среќа. Емотивно интелигентните жени се среќни и сакаат такви и да останат во она што го прават. Ова задоволство и среќа го извлекуваат одвнатре, а не од надворешни извори (како што мислат другите).

6. Тие се држат до истомислениците за да добијат подршка. Соочување со тешки личности кога сте сами можеби не е најдобро решение. Емотивно интелигентните жени имаат подршка од луѓе кои ги почитуваат и кои можат да ги подржат во тешки ситуации.

Извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: