Психологот Лабковски: Не ги гушете мажите со своите проблеми- 5 грешки со кои ги одбивате

Постојат неколку начини да го избркате мажот од себе. Избегнувајте ги овие вообичаени грешки.

Прво, не ги оптеретувајте мажите со своите проблеми. Ништо мажот не го плаши повеќе од моменталното префрлање на одговорност од жената на него. Мажите, реченицата ‘Имам проблеми, помогни ми’, го чита како обид некој да му седне на вратот.

Второ, ги истакнувате материјалните потреби. ‘Мојот телефон е секогаш расипан, стар е, а за нов немам пари’ и сл. На тој начин испраќате порака ‘Ми требаат пари’.

Трет начин да упропастите се’ на самиот почеток на врската е да кажете дека ве интересираат само мажи со сериозни намери. Во 99% од случаите ќе одберете различни страни, бидејќи ќе сфатите дека не сакате исто.

Четвртиот тип на однесување често го покажуваат жени кои во поблиско минато доживеале прекин или развод. Ако на новиот потенцијален партнер, му зборувате за својот минат живот, објаснувајќи како сте биле во ужасна врска, а при тоа улогата на главен негативец е доделена секако на мажот. Пропаст! Дури и ако вашиот бивши, благо речено, не е најпристојна личност, не го судете пред новиот маж.

Следната грешка е да се сокрие важен дел од вашиот живот. Ставете се во позиција на мажот: Замислете дека после неколку состаноци, личноста со која се гледате ви премолчала нешто важно од својот живот или со други зборови ве лажела. Па тогаш за што треба да разговарате?

Во почетната фаза на врската важно е двајцата да се запознаете за да сфатите дали сте навистина добар пар или сте поинакви луѓе. Разговарајте за своето хоби, за она што ве прави среќни или вознемирени, за вашето детство или за пријателите, но не се трудете да бидете премногу добри и да се претставите во најдобро светло. Тоа е тајната на успешни среќни врски: меѓусебната искреност и отвореност. Бидете свои и човек ќе засака она што вие сте, а не некој поим на совршенство.

Извор: infpult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: