Сакам да знаеш, дека секој ден можеш да сметаш на мене… Безусловно

Сакам да ме сослушаш без осуда. Сакам твое мислење, а не твој совет. Сакам да ми веруваш без никакви очекувања. Сакам да ми помогнеш, а не да одлучуваш наместо мене.

Сакам да се грижиш за мене, а не да ме гушиш. Сакам да ме видиш мене, а не себе во мене. Сакам да ме гушнеш, а не да ме удавиш.

Сакам да ме охрабруваш, а не да ме оптеретуваш. Сакам да ме подржуваш, но без сомнеж. Сакам да ме заштитиш без лаги. Сакам да ми се приближиш, без наметнување.

Сакам да знаеш се’ што не сакаш за мене, а сепак тоа да го прифатиш без желба да ме менуваш. Сакам да знаеш, дека секој ден можеш да сметаш на мене… Безусловно

Jorge Bucai

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: