‘Заведи па исчезни’- ова мора да го знаете за емоционално недостапните луѓе

Луѓето кои се однесуваат по образец ‘заведи па исчезни’ независно за кој тип на односи се работи, партнерски, пријателски или слично, спаѓаат во групата на емоционално незрели, односно недостапни луѓе и тоа им е начин на делување всаден длабоко во потсвеста.

Тие многу често тоа воoпшто не го прават свесно, иако имате понаков впечаток, дека намерно прават некои работи само за да ве повредат. Исто така, емоционално недостапните луѓе често ги чувствуваат емпатите и им приоѓаат токму нив, така да ако спаѓате во групата на емпати, многу веројатно вакво нешто сте доживеале во животот.

Постои една група на луѓе, која порано и подоцна секој од нас ја сретнал и добил ‘тешки’ повреди. Тоа се луѓе кои кои почеток на односот се многу интимни. Неретко Тој прв ќе ви пристапи или веднаш со големо внимание ќе ви одговори ако им пристапите, ќе ви посвети целосно внимание, комплименти и сл. Многу често ќе потенцира контакт, дружење, можеби и на начин кој и не е нешто посебно, што не сте виделе во некои други односи.

Но, малку по малку ќе паднете на нивниот шарм, а тогаш ќе се случи нешто што не очекувавте ниту во најлош сон: тие одеднаш, буквално, преку ноќ ќе ‘исчезнат’ и ќе ве остават во недоумица. И почнува фазата- исчезнување. Понекогаш исчезнувањето трае привремено, ден, два, три дена, недела или дури и со месеци. Понекогаш е трајно и личноста исчезнува без да ви се јави некогаш.

Луѓето кои се однесуваат по овој образец во себе ги носат своите ранети, неосвестени делови кои ги втиснале во себе, најчесто негде во детството и кој им оневозможува стабилност во некој однос, здрава комуникација која не боли и слично. Тие се насекаде околу нас и тешко на прв поглед можеме да ги препознаеме и од нив да се заштитиме пред да се вовлечеме во некој тип на емоционална поврзаност со нив. Постојат дури и такви кои своето исчезнување ќе го најават и така на некој начин ја тргаат од себе вината. Обично ќе ви кажат дека им треба малку дистанца и ќе бараат од вас тоа да го почитувате и разберете, без причина или нешто што ќе привлече такви потези. Без оглед дали го пријавиле исчезнувањето или не, се работи за ист образец- образец на недостапна, односно емоционално незрела личност.

Таквата личност ретко може да ја смени некој од надвор. За да се случи промена на тој план, личноста мора да го освести начинот на кој делува и да посака од длабочината на душата тоа да го промени. Тоа често значи дека треба одвнатре да се промени. Да се реконструира себеси одвнатре, односно да ги изнесе искрено надвор своите повреди и болки, за да се зацелат раните, а тоа е многу голем потфат.

За оној кој е во контакт со вакви луѓе пред се’ е важно да освестат дека тие не се виновни. Луѓето кои се жртви на емоционално незрели луѓе, освен што многу страдаат поради нивното однесување, исто така се склони да се преиспитуваат себеси до најситни детали за во себе да ја пронајдат вината за однесувањето на оној другиот. На емоционално недостапните луѓе всушност не им треба причина за нивните постапки.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: