Зошто Бог не ни го дава она за кое молиме?

Кога Бог ќе види дека сме горди и вообразени, Тој дозволува во нашиот живот да се појавуваат искушенија. Тој ќе ги тргне дури тогаш кога ќе види дека стануваме понизни и смирени. Бог безгранично го сака човекот. Нему многу добро му се познати проблемите на секој од нас и сака да ни помогне и пред да го молиме за тоа.

Бидејќи е семоќен, нема потешкотија која Бог не може да ја надмине, освен една. Бог не може да ни помогне ако нашата душа не е понизна. Бог тагува бидејќи го гледа своето дете како страда, а не може да му помогне. Ако нешто понуди, тоа ќе му наштети на човекот, бидејќи неговиот ум не е понизен, кроток и смирен.

Она што ќе му се случи на човекот, зависи исклучиво од неговото смирение. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот е потчинет на некоја своја страст ( зависност, врзаност). Бог дозволува тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со горделива мисла, суета и гордост.

Човекот можеби ја мрази таа врзаност, страст и напорно се труди да ја ослободи. Меѓутоа, ништо нема да постигне бидејќи Бог не помага и нема ниту да му помогне се додека не стекне смирен и понизен ум. Иако човекот ја мрази таа посебна страст ( врзаност), потчинет е на својата гордост, а тоа е страст која го воведува во сите други страсти.

Човекот би сакал духовно да напредува и да го моли Бог да му даде љубов, молитва, понизност и сите други доблести. Мора да бидеме свесни дека без оглед колку се трудиме, Бог нема да ни подари она за што го молиме се’ додека не достигнеме мир во умот. Ако тоа е нашата единствена цел, Бог се’ друго ќе ни даде ‘бесплатно’

Извор: bastabalkana.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: