Кога конечно ќе сфатиш дека животот почнува тогаш кога ќе престанеш да се плашиш?

Одбивам да се плашам, пријатели мои. Бирам да живеам. Еднаш ќе престанеш да се плашиш од студот. Секој студ. Едноставно ќе се стоплиш и ќе живееш понатаму.

И повеќе не можат да те предадат, навредат, да ти нанесат болка. Се’ што се случува кога се плашиш, а кога стравот ќе престане- не се случува. Веќе си го поминал најлошото и повеќе ништо не може да те изненади.

Конечно сфаќаш дека животот почнува тогаш кога ќе престанеш да се плашиш. Не те плаши повеќе студот, жештината, навредите, гневот, загубата, осудата, сплетките, идиотите, разделбите, осаменоста, предавството, дури ниту смртта. Стравот на никој добро не му донесе.

Одзема половина живот на оние кои се плашат, а не им помага. Отсуството на страв ти ги отвора очите пред фактот дека незадоволството е проблем на незадоволните, разочарувањето- на разочараните, а критиката- на критичарите. Нема никаква врска со тебе. Може дијалог или нека продолжат да се се жалат зад твојот грб, но далеку од тебе.

Одбивам да се плашам. Бирам да живеам.

Извор: uspesnazena.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: