Мажите кои навистина ги сакаат жените

Детската љубов го следи принципот: ‘Сакам, затоа што сум сакана’. Зрелата љубов го следи принципот: ‘Сакана сум, бидејќи сакам’. Незрелата љубов вели: ‘ Те сакам, бидејќи ми требаш’. Зрелата љубов вели:’ Ми требаш, бидејќи те сакам’. Ерих Фром

Во вообичаениот ум постојат многу митови и ‘конвенција’ за тоа каков треба да биде вистинскиот маж. Никогаш не се заменети со други, многу поконструктивни идеи, а често не се ниту довршени. Понекогаш страста помеѓу двајца љубовници е нешто незапирливо. Нешто што нејзините главни јунаци не можат да го контролираат. Тоа на почеток е веројатно многу возбудливо, но во стварноста може да се случи протагонистите да станат виновници на сопствената приказна, штом оваа бучна страст се претвори во чист отров.

Вашата страст станува затвор. Мечтата и романтиката се многу далеку од оваа точка. Кога страста ќе стане вртлог на љубомора и прекор, се напушта романтичната и конструктивна страна која содржи магија и се отвораат вратите на несреќното, горко и непродуктивно постоење.

Мажите кои всушност сакаат да го делат своето време и енергија со вас, кои ќе ве запознаат и освојат, многу често се обезвреднети. Многу е лесно да најдете маж за кој копнеете и кој се претвора во херој и освојувач. Сепак, многу малку од нив се претвораат во совршена верзија на маж, далеку од ѕверка.

Оној кој е господар на човечката рационалност се обидува да се подобри, а не да доминира. Нема сомнеж дека однесувањето на вистинскиот маж не се претвора во ноќна мора. Се претвора во заеднички сон. Можно е да се сретнат мажи кои навистина ги сакаат жените. Тоа се оние кои оставаат вечен траг на жените кои имаат задоволство да ги запознаат.

Мажите кои навистина ги сакаат жените ниту се обидуваат да ги импресионираат, ниту ги тераат на било што. Ниту се опседнати со мислата дека треба ги заведуваат, туку со задоволство што таа ги заведува нив. Не ги привлекува која е репутацијата на жената. Тие повеќе ги нагласуват особините поради кои секој ден се чувствуваат среќно.

Тие се заинтересирани да го запознаат вистинскиот идентитет на жената која им се допаѓа, сакаат да ја откријат нејзината личност. Се радуваат на успехот на својата партнерка, бидејќи претпоставуваат дека среќата во пар може да биде потполна кога и двајцата ќе победат во заедничките вредности, а не во поседувањето или изгледот. Ја ценат вредноста на стабилност и рутина, под услов да се темелат на вистинската волја на две слободни души кои сакаат да бидат споени.

Виделе премногу скршени срца за да посакаат уште еден ‘трофеј’ во своето срце. Поради тоа во љубовта секогаш ја усовршуваат уметноста на сакањето и не ја продолжуваат традицијата на скршено срце.

Мажите кои ги сакаат жените, секогаш ги сакаат на начин кој нема да им наштети и кој нема да го заборават. Има мажи кои ги сакаат жените, но мора да се потрудите да ги препознаете штом се појават.

Извор: uniqorner

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: