Ова се причините зошто Вселената ги праќа ‘вистинските луѓе’ во вашите животи

Вселената ни ги праќа вистинските луѓе во животот, без оглед дали мислиме дека се тие вистински или не. Само затоа што работите низ кои минуваме се можеби болни, тоа не значи дека воопшто не било судено да бидат во нашиот живот. Се’ се случува на овој свет со причина. Верувајте во Вселената и гледајте каде ќе завршите.

Таа ви ги праќа вистинските луѓе во вистинско време дури и ако тоа не го забележувате. Иако можеби мислите дека сте подготвени за љубов или вистинска поврзаност, тоа не значи дека сте во право. Кога ќе бидеме на вистинските места во сопствениит ум, Вселената ќе ни испрати луѓе кои се наменети да бидат во нашите животи засекогаш или одреден момент. Тие луѓе ќе не’ поттикнат да бидеме подобри свои верзии и ќе не’ научат на лекции додека напредуваме во нашите животи.

Луѓето кои оваа Вселена ги испраќа во нашиот живот се поврзани со нас на ниво на душа. Нивните енергии ќе се истакнат меѓу другите. Еве некои причини зошто доаѓаат некои луѓе во нашите животи. Иако некои работи се чинат глупи, сите тие создаваат нешто големо, кога ќе ја погледнете поголемата слика. Животот не е онаков каков што се чини, а понекогаш и најмалите разлики можат да бидат најголеми промени. Еве 5 причини:

1. Потребна ни е соодветна подршка. Сите ние сме многу кршливи отколку што сакаме да бидеме. Подршката може да биде физичка или емоционална. Кога сме на најлошото место во животот, Вселената тоа може да го види. Ќе бидете многу изненадени, ако знаете колку луѓе се пуштени во нашиот живот да не’ расположат.

2. Автентични сме. Ако сме ние автентични, онакви какви што треба да бидеме, Вселената ќе не’ награди. Свесена е за она што работиме и патиштата за кои се одлучуваме. Што повеќе сме ускладени со Универзумот, тоа повеќе награди ќе добиеме.

3. Мора да ја научиме лекцијата. Во животот сме научиле многу лекции и ако се бориме со одредена, Вселената ќе испрати некој во нашиот живот да ни го олесни примањето на таа лекција. Тоа може да биде добра и лоша работа. Иако можеби не сакаме да ја почувствуваме болката поврзана со лекцијата која ќе дојде, ќе станеме подобра своја верзија преку тоа искуство.

4. Ни треба помош во растот на некој начин. Кога треба да растеме, Вселената понекогаш ќе ни даде некој со кој ќе растеме. Растот со друга личност е волшебна работа и треба да ја почитуваме таа прилика. Било да е таа личност со која ќе поминеме цел живот или не, но таа е секогаш некој кој ќе има длабоко влијание на нашите животи.

5. Мора да бидеме свесни за она што не смееме да си го дозволиме. Кога не сме во состојба да ги поставаме соодветните граници, Вселената може да ни испрати некој кој потполно ќе ги уништи нашите светови. Таа личност може да не’ скрши на различни начини, но преку тоа ќе научиме она што треба да го трпиме. Поминувајќи низ ова, ќе сфатиме каде треба да бидат нашите граници и колку е важно да не им дозволиме на другите да ги минуваат.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: