Зошто не’ привлекуваат луѓе кои не се ‘добри’ за нас?

Кога ќе ја прифатите вистината на своето Себство, можете да разберете дека луѓето кои ви згрешиле, биле само учители кои ве турнале во вистинската состојба на умот; состојба на умот која не ја руши вашата вредност. За жал, ништо не не’ инспирира на раст повеќе од скршеното срце.

На прашањето: ‘Зошто ме привлекуваат луѓето кои не се добри за мене?’ Одговорот е многу изненадувачки… Ранетиот дел од мене го прави тоа привлекување. Тој поим ‘ранетиот дел од себе’ може да звучи малку интензивно, но ќе објаснам. Сите имаме два дела од себе ‘пониско јас’ (или ранет дел од себе, емоции, ум, его) и ‘духовно тело’ (повисоко јас, душа). Ранетиот дел од вас е само оној дел кој се чувствува непотполно, ја ниша вашата вредност; не се чувствува целовито или се чувствува погрешно на некој начин. Мојот ранет дел од мене – ‘пониско јас’ кое се прашува: Дали може мене некој да ме сака?

Од друга страна, имаме духовно тело. Тоа е вашето и право јас, душа. Тоа е оној вистински дел од вас кој е споен со љубов, вистина, мудрост и мир. Вашето духовно тело несомнено знае колку сте вредни за љубов и колку вредите. На многу начини тоа се разликува од егото. Во секој момент, ние делуваме од еден од тие два дела од себе. Многу од нас, за жал, поголемиот дел од своето време делуваме од точката на егото. Всушност, ние веруваме дека на некој начин сме безначајни и немоќни и се обидуваме да го надокнадиме тој недостаток.

Егото бара надворешни работи за да ја најде потврдата на својата вредност. Верува дека откога ќе добие повеќе- пари, подобар партнер, подобра работа, подобра куќа, повеќе одмор итн- тогаш конечно ќе биде среќен. Но, никогаш нема да биде среќен или не за долго, секако. Неговата природа е да се чувствува непотполно. Затоа кога живеете низ перспектива на своето его, предодредени сте да се чувствувате како нешто недостасува. Таквиот живот не е многу забавен.

Егото силно се активира кога се работи за романтични односи, бидејќи во односите стануваме најмногу повредени. Сите сме разчарани или повредени од некој однос во минатото; носиме сеќавање на оваа рана во возрасните години (понекогаш несвесно).

Ако раната од детството и понатаму е активна во вас, вие ќе привлечете луѓе кои ќе потикнат исто чувство. На пример, ако во детството се чувствувавте невидливи или одбиени, најверојатно ќе почувствувате слични чувства во своите односи како возрасна личност. Несвесниот дел од вас е програмиран да ги привлече луѓето кои ги активираат вашите рани. Причината за тоа е вашиот раст. Тоа е фрустрирачкиот дел од процесот на растење! Но, размислувајте за тоа на овој начин: кога се повторуваат вашите рани, вие конечно можете да исцелите нешто што не гледате или не чувствувате; не може да се исцелат работите кои се несвесни! Непријатното чувството мора да дојде на површина за да можат да ги надминат.

И како растеме над него? Идентификувајки се со своето вистинско, поголемо јас. Запомнете, вие сте душа, вашето повисоко Јас е дел од вас кое ја знае вистината за вас. Знае дека сте достојни, неверојатни, способни и моќни. Од перспектива на повисокото Јас, вие сте потполни. Да, вие сте несовршено човечко суштество со мани; но, поголема е вистината: вие сте душа. Вие сте убави. Вие сте важни. Вие сте посебни. Вие сте љубов. Тоа е она што повисокото Јас знае за вас- и сака вие тоа да го знаете.

Кога ќе ја прифатите вистината на своето себство, одеднаш можете да сфатите дека ‘погрешните’ луѓе биле само учители кои ве турнале во ‘вистинската’ состојба на умот; состојбата на умот кое не’ ја доведува во прашање вашата вредност. За жал, ништо не не’ инспирира на раст повеќе од скршеното срце. Вашето повисоко Јас сака да се идентификува со него; тоа сака да сфатите кои сте ваушност. Пронајдете ја повторно љубовта во вас и ќе ги исцелите своите односи- одвнатре и кон надвор

Shelly Bullard

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: