Како да се исклучи мозокот пред да заспиете?

Легнувате да спиете со стрес? По долгиот ден на работа, грижата за роковите и сите работи на вашиот попис на задачи кои треба да ги завршите, се чувствувате исцрпено и под стрес. А тоа ќе ве натера уште повеќе да размислувате за проблемите, дури и кога ќе се вратите од работа, менталното тркало постојано се врти и не постои начин да се исклучи.

Интересно е дека сите луѓе не забележуваат како легнуваат со стрес. Некои мислат дека се само уморни и дека е тоа нормално. Некои се обидуваат да се исклучат гледајќи ТВ или конзумираат алкохол пред да одат на спиење, но тоа не е здрав механизам за носење со стресот. А некои луѓе всушност реагираат на стрес така што само ќе заспијат. Се чини дека луѓето кои страдаат од несоница која е поврзана со стрес, сфаќаат дека имаат проблем и треба да практикуваат техники за опуштање. Но, вистина е дека ако сте редовно изложени на стресни ситуации и не се опуштате доволно, непријатното чувство само продолжува да расте, што за добар сон не помага. Сеуште се будите психички исцрпени и нервозни, дури и пред да се разбудите како треба…

Како да се исклучи мозокот? За да можете нивото на стрес да го држите под контрола во ноќните часови, прво обидете се следново: Користете го времето кога патувате од работа до дома како некој ‘тампон’. Ако брзате дома и се грижите за гужвата во прометот, тоа навистина не е смирувачки, туку со тоа продолжувате да го градите своето ниво на стрес. Обидете се да си оставите себеси доволно време за вашите следни задачи по работата, така да не мора да се грижите за времето.

И само прифатете дека работите можат да потраат подолго од планираното. Ако веднаш им се ‘фрлите’ на задачите на својот попис, вие најверојатно ќе почнете да се грижите за нив. Освен тоа, вие суште сте на работна температура, адреналинот продолжува да расте и вашиот мозок продолжува да ги решава проблемите и работните задачи.

Во времето помеѓу дома и работа, распоредете ги активностите кои ќе ви помогнат да го истерате стресот. Вежбањето е еден од најпопуларните. Но, ако навистина не сте таков тип на личност, одете во шопинг или најдете се со некој пријател. Иако мислите дека ТВ или социјалните мрежи можат да ви ја ублажат загриженоста, вие најверојатно се изложувате на уште поголема стимулација која ја поттикнува анксиозноста. Значи, неколку часови пред спиење, обидете се да читате книга или да слушате музика, наместо да гледате тв. Ако мора да гледате нешто, нека биде тоа нешто позитивно или ‘лесно’.

Вашиот ум веројатно сеуште размислува за случувањата во текот на денот. Не ги држете своите емоции и мисли заглавени во себе. Разговарајте со некој или пишете дневник.

Како да се користи музика за опуштање од стресот? Еве една работа која дефинитивно можете да ја направите: да се слуша brainwave музика пред заспивање. Значи, не мора да се менува својот вечерен распоред поради тоа. Само вклучете ја кога ќе одите во кревет. Всушност веќе 100 год науката се занимава со brainwave аудио музика. Таа функционира така што на посебни фрекфенции предизвикува состојба на супер длабока релаксација во неколку минути.

Всушност, звукот е репликација на добри фрекфенции кои се забележани кај луѓе за време на медитација. Вашиот мозок ги копира овие фрекфенции и почнува да ‘медитира’. Овој процес е познат како ‘brainwave повлекување’ Таа музика е едноставна за користење. Нема некои посебни упатства. Едноставно ја вклучувате и слушате. Ќе почувствувате моментално олеснување и ослободување од стрес и анксиозност. Не мора да седите во непријатна положба или да се обидете активно да го вклучите својот ум. Нека музиката ја заврши работата наместо вас.

Извор:atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: