Смени ги мислите и ќе го смениш животот

Јавна тајна е дека оние кои имаат визија во животот и кои според неа живеат- достигнуваат нешто прекрасно, додека оние кои немаат визија или ја изгубиле, се сретнуваат само со препреки или во најдобар случај, живеат обичен живот.

Важно е да ја препознаете визијата, која ве инспирира и да ја имате постојано пред очите.

Ќе ви објаснам подобро со една кратка приказна: Во средниот век, живеел еден добронамерен архитект, кој сакал да изгради катедрала. Чувствувал дека постои голема потреба, да ги инспирира луѓето во околината за таа идеја. Но, имал многу малку средства за тоа на располагање.

Еднаш отишол во каменоломот, каде сите негови работници ваделе камења и ги обликувале со чекани. На еден од нив му се обратил: – ‘Извинете, што работите?’

– ‘Зарем не гледате’- човекот мрзоволно одговорил- ‘подготвувам камења’.

Му се заблагодарил на работникот и се упатил кон другиот, кој ја работел истата работа.

– Ве молам, што правите вие? – ‘Градам катедрала!’- рекол другиот човек, со насмевка на лицето.

Одговорот кој го добил бил толку убав, што на крајот тој човек станал негов советник, кој му помогнал до крај, во изградбата на катедралата.

Разликата во делувањето со визија или без неа, еднакво е очигледна како разликата помеѓу денот и ноќта- и она што посебно сакам да нагласам- резултатот е очигледно поинаков.

Важно! Кога ќе одлучите да ја побарате сопствената визија, не се прашувајте што е тоа, што на светот може да му треба. Прашајте се, што е тоа што ве прави живи и следете го тој пат. Бидејќи, она што е најпотребно и за вас и за светот се луѓе кои се полни со живот- луѓе кои ја пронашле сопствената смисла или визија.

Некој кој делува во склад со својата визија, добива неверојатна помош и подршка. Тој ќе види дека другите го подржуваат- цел Универзум ќе посака да даде подршка на личноста, која секогаш пред очите има јасна визија.

Мој предлог е да се ускладите со таа моќна визија. Тоа треба да биде нешто што ќе го потикне, тоа веќе разгорено ДА, нешто што е одраз на вашиот вистински копнеж. Разговарајте за таа визија, со доверливи пријатели и ако е потребно, малку дотерајте ја. Имајте ја таа визија пред своите очи- секогаш. Ве очекуваат чуда!

Sacinandana Swami

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: