Зошто мажите се плашат а жените идеализираат?

Љубовта не била секогаш вака компликувана. Пред да се воспостави идејата за романтична љубов на Западот, мажите и жените имаа стабилни врски. Во денешно време луѓето преминуваат во две парадоксални стварности: од една страна, добар дел од поединците сака да ја запознае таа прекрасна личност која ќе го обележи нивниот љубовен живот; од друга страна, голем број на луѓе сака да ја одвои идејата ‘голема љубов’ од фрустрација и страдање.

Со други зборови, многумина ги бараат благодетите на љубовта, но не сакаат да ги платат трошоците. Овие имагинации се присутни во умовите и на мажите и на жените. Меѓутоа, мажите ги тумачат и доживуваат на одреден начин, додека жените на друг.

Многу мажи не се свесни за својот страв од љубов. Сите често ја игнорираат таа тема, влегуваат од една во друга врска, а да немаат време да кажат ‘какви убави очи имаш’ и се цинични пред изразот на наклоност. Жените, од друга страна, имаат тенденција да бидат стручњаци за идеализација, веднаш по што следи омаловажување, бидејќи не успеале да направат љубовна приказна. Третите веруваат дека се верни кога во врската ќе поминат одредено време.

Сите стравови всушност потекнуваат од еден извор: страв од предавство и изневерување на мајката. На крајот на краиштата, на подрачјето на несвесното кај мажите, само мајката заслужува потполна љубов и се чувствуваат неспособни да го почувствуваат истото чувство со други жени. Тоа е коренот на ова чувство, кои многумина го изразиле со ‘нешто со неа не е во ред’, мислејќи на многу жени кои ги познаваат. Овие мажи преминуваат од една неуспешна врска во друга. После тоа се жалат дека ниту една жена не ги исполнува условите.

Жените пак градат дворци во воздух, во кои се претвораат во принцези. Затоа создаваат малку веројатни љубовни приказни, во кои ‘принцот’ треба да ја превземе грижата за сите нивни неурози и несигурности. Треба да биде една врста на великодушен татко кој е во состојба во нив да генерира чувство на сигурност која недостасува и да ги заштити од животните препреки. Поголемиот број на жени ќе каже тоа не е вистина. Себеси се гледаат како модерни, автономни и независни жени.

Меѓутоа, животот го поминуваат прекинувајќи многу љубовни врски. Секој пат кога некоја врска ќе се прекине обично ќе речат ‘мажите не заслужуваат ништо’. Изјави дека се разочарани од некој кој на почеток не изгледал така. Тие сакаат маж кој се однесува како жена; не успеваат да сфатат дека спротивниот пол е токму таков: спротивен.

Навлегувајќи длабоко во темата, откриваме дека понижувањето на мажот потекнува токму од чувството ‘предавство на мечтата’ , односно од фактот дека мажите не ги третираат жените како принцези или кралици. Но, на крајот, мажите можат да се заситат од жените кои се ‘занесуваат’.

Не е лесно да се сака и да се дозволи да те сакаат. Но, тоа станува апсолутно невозможно кога двата партнери се врзани за своите мечти од детството и немаат намера да се откажат. Кога љубовта ќе ја направат невозможна задача. Тие стануваат неспособни да ги ценат и да ги вреднуваат сите контрадикции кои не’ прават луѓе и кои другите мора да ги прифатат.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/uomini-paura-donne-idealizzano

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: