Како да се носите со критика: 25 причини за нејзино прифаќање

Не можеме да контролираме што ќе ни кажат другите, но… Сфаќаме дека критиката не доаѓа секогаш нежно или од некој кој легитимно се обидува да помогне. Многу повратни информации кои ги добиваме се несакани. Можеби во секоја критика постои поука, само ако имаме желба да ја пронајдеме.

Не можеме да контролираме што другите ќе ни кажат. Но, можеме да контролираме како ќе ја доживееме критиката, како да реагираме на неа и да учиме од неа кога треба да ја отпуштиме и да продолжиме понатаму. Ако во последно време тешко се носите со критика, можеби ќе ви биде корисно да го запомните следното:

1. Барање на семе на вистина во критиката потекнува од понизноста. Не е лесно искрено да се погледнете себе и своите слабости, но можете да растете само ако имате волја да се обидете.

2. Учењето од критика ви овозможува напредок. Речиси секоја критика ви дава алат за успешно создавање на иднината која ја визуализирате.

3. Критиката ви отвора нови перспективи и идеи кои можеби не сте ги зеле во предвид. Кога некој ќе ве предизвика, ви помага да го проширите вашето размислување.

4. Критичарите ви даваат прилика да вежбате активно слушање. Тоа значи да и’ одолеете на потребата за анализа во својата глава, планирање за рушење на аргументи или едноставно да разгледате што другата личност ви зборува.

5. Имате прилика да вежбате простување кога ќе сретнете оштри критичари. Многумина во нас носат стрес и фрустрации кои од време на време намерно ги насочуваат.

6. Корисно е да се научи како да се живее со непријатноста на почетната емоционална реакција, наместо веднаш да делувате или да возвратите. Пречесто сакаме да направиме нешто со своите чувства- а тоа и не е многу добра идеја.

7. Критиката ви дава прилика за поттикнување на вештината на решавање на проблемот, што не е секогаш лесно кога се чувствувате посензитивни, самокритични или изнервирано свој критичар.

8. Примањето на критика кое ќе го погоди чувствителното подрачје ви помага во истражувањето на нерешените проблеми. Можеби сте чувствителни кон својата интелигенција, бидејќи се држите за нешто што некој ви рекол пред неколку години, нешто што мора да отпуштите.

9. Тумачењето на туѓите повратни информации е прилика за рационално размислување- понекогаш и покрај негативниот тон, критиката е многу корисна.

10. Критиката ве поттикнува да ги преиспитате своите инстинктивни асоцијации и чувства; пофалбата е добра, критиката е лоша. Ако се пренасочиме работите да ги гледаме помалку црно- бело, нема граница која одредува колку далеку можеме да одиме.

11. Критиката претставува можност да одберете мир, наместо конфликт. Кога не’ критикуваат, нашиот инстикт може да биде влегување во расправија, создавајќи непотребна драма. Луѓето околу нас, воглавно сакаат да ни помогнат, а не да не’ осудуваат.

12. Критиката ви помага да ја ублажите потребата да бидете во право. Ништо не го затвора отворениот ум како егото- што е лошо за вашиот личен раст и им штети на односите.

13. Вашите критичари ви даваат прилика да не предизвикате било какви тенденции да им угодувате на другите. Односите темелени на постојаната потреба за одобрување можат да бидат исцрпувачки за сите вклучени. Ослобидувачки е да се пуштат луѓето да мислат што и да посакаат- ионака тоа ќе го направат.

14. Критиката ви дава прилика да ги научите луѓето како се однесуваат со вас. Ако некој лошо ги пласира, можете да ја искористите оваа прилика да му кажете:’Мислам дека кажуваш нешто добро, но јас подобро ќе те разберам ако не го повисуваш гласот’.

15. Одредени делови на критиката ве учат да не се замарате со ситници.

16. Што повеќе време поминувате размислувајќи за она што некој рекол, тоа помалку време имате да се фокусирате на тоа.

17. Ако го подобрите начинот на работа по критиката, тоа ќе ви заштеди време и енергија во иднина. Кога размислувате од таа перспектива- критиката како заштеда на време- тешко е да не се цени.

18. Негувањето на способноста да се ослободите од своите чувства и мисли и при тоа да ве критикуваат, ќе ви помогне да се ослободите во други подручја на својот живот. Отпуштањето на грижите, жалење, стрес, стравови, па дури и позитивни чувства ви помагаат да се вкорените во сегашниот момент. Внимателноста е секогаш најкорисно употребено време.

19. Критиката ја челичи силата на личниот простор. Ако земете десет минути да ги обработите своите чувства, можеби со пишење на дневник, ќе имате добар одговор. А добар одговор спречува една критика да доминира со вашиот ден.

20. Во некои случаи, критиката ве учи како да комуницирате со некоја личност, ако е таа негативна или непријателска, на пример. Ако тоа го знаете, можете да заштедите многу време и стрес во иднина.

21. Учење за примање на лажни критики- повратни информации кои немаат конструктивна вредност- без губење на самодоверба неопходно е ако сакате да постигнете големи работи во животот. Што повеќе внимание му давате на работата, ќе мора да примите повеќе критики.

22. Кога некој ќе ви упати критика, тоа ги осветлува вашите несигурности. Ако потајно се сложувате со тоа дека сте мрзливи, треба да дојдете до коренот на тоа. Зошто во тоа верувате и што можете со тоа да направите?

23. Учењето за напредување по критика, дури ако не се чувствувате неверојатно самоуверено, ви дава сигурност дека ниту еден изолиран коментар нема да ве спречи да ги следите своите соништа.

24. Кога некој друг оштро ќе ве процени, имате прилика да го надгледувате својот внатрешен самоговор. Истражувањата покажуваат дека до 80% од нашите мисли се негативни. Искористете ја оваа прилика да ги надгледувате и да ги менувате своите мисловни процеси за да не ги исцрпите и саботирате.

25. Примањето на повратните информации ве потсеќаат дека е во ред да имате недостатоци- несовршеноста е дел од човечкото суштество. Ако можете да ги признаете слабостите и да работите на нив, а да не сте лути на себе, ќе доживеете многу повеќе среќа, мир, уживање и успех.

Сите сме совршено несовршени, а другите луѓе можат да забележат од време на време. Можеби во тоа и ќе се забележиме едни со други. Прифаќањето на тоа некако ќе го крене теретот од вашите рамена.

Извор: sensa.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: