Сарказам- прикриена вербална агресија

Сарказмот како облик на комуникација има многу следбеници. Можеме да го видиме во многу телевизиски серии во кои протагонистите покажуваат привилегиран, исклучителен ум, спосебен да реши бесконечен број на загатки и предизвици. Меѓутоа, во исто време овие ликови ги карактеризира сложен јазик, зачинет со одредени дози на презир, измешан со голема доза на сарказам.

Мора да бидеме јасни: овој оштар, сатиричен и генијален јазик очигледно е штетен при емоционална комуникација. Понекогаш не постои само очигледен презир, често е очигледна неспособноста да се воспостави неутрален дијалог, хармонична размена на пораки која не резултира со исмејување како облик на изразување на моќ или доминација.

Од друга страна, постои аспект кој не треба да се потценува. Сарказмот го има многу почесто меѓу луѓето кои имаат однос на доверба како колеги, член на семејство или партнер. Очигледно зборуваме за сарказам и оние вообичаени и признати агресии кои посебно се јавуваат во светот на возрасните, на работното место и пред се’ во приватни простори кои содржат горе назначена динамика: врска, семејство, па и пријателство.

Тоа се профили кои својата несигурност ја прикриваат со големи зборови и арогантни фрази. За возврат, уживаат кога ќе видат дека другите се чувствуваат инфериорно, со јасно уверување дека се попаметни, повешти и секако сјајни. Најнегативниот аспект е тој што многу пати ги величаме таквите однесувања или дури ги тумачиме како невини шегувања. На почеток постојат оние кои во овој чин не се во состојба да го видат обликот на застрашување или презир. Има и оние кои се воодушевуваат на инспирацијата и суптилната игра на зборови, восхитувајќи се на вештиот јазик.

Меѓутоа, кога интелекталниот фалбаџија секојдневно ја турка својата вербална артилерија, тоа има сериозни последици. Првата последица е кршење на односите со таа личност. Тоа е напад на самопочита на другиот, тоа е агресија. Вториот аспект, истовремено интересен и поразителен е откритието дека е вешт занаетчија на сарказмот, ретко свесен за своето однесување и застрашувачки дела.

Тие луѓе обично кријат јасна меѓучовечка и социјална несензибилност, емоционално замаглување со кое човек сака само да наметне нечија интелектуална спретност, нечија способност за дијалог и досетливост, бидејќи тоа се единствени саркастични алати на располагање, за да се потврди повторно како личност.

Како да се одбраниме од саркастичните луѓе?

Првиот совет е едноставен и основен: не заземајте пасивен став кон сарказмот. Не е дури ниту прашање на реакција на бес или бескорисна расправија. Не заборавајте дека генерално се наоѓате пред личност која е многу вешта со зборови, но малку со чувства. Прво што треба да направите е да си кажете мирно дека коментарот не ви се допаѓа.

Второ, барајте јасност. Саркастичниот ум магистрирал лоши метафори и иронија. Не ги прифаќајте, барајте да бидат појасни. Зрелите луѓе со зборови изразуваат храброст и јасност, а несигурните се кријат зад игрите на зборовите.

И третиот совет е да му се објаснат ефектите од неговото однесување. Ако е соработник или пријател, кажете му јасно дека поради тоа не се чувствувате добро и ако не покаже повеќе разбирање или љубезност ќе си заминете. Секогаш сетете се дека саркастичните агресори не заслужуваат да се хранат со восхит, туку се прекинуваат со вистина за последиците од нивните постапки.

Извор:https://lamenteemeravigliosa.it/linguaggio-sarcasmo-aggressioni-verbali/amp

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: