Тој маж е жив песок… тој ќе го уништи твојот живот ако го пуштиш повторно блиску, но ти тоа не можеш да го видиш. Не можеш да видиш, бидејќи си ослепена со лажна љубов и само сакаш да веруваш во она што е во твојата глава. Ги слушаш неговите лаги, како ти ветува дека овој пат се’ ќе се промени и ти стануваш хипнотизирана од неговиот допир.
Ти и понатаму не можеш да видиш душо, ама јас гледам. Ме убива да те гледам со него кога знам дека го сакаш со сето срце, а тој тебе едвај. Тој со своите дела тоа го покажува. Некој кој знае навистина да сака, не да прави другата личност покрај него да се чувствува несакано, непочитувано, а тој да бара премногу.
Постојано те уништува и тоа се’ повеќе и повеќе, а ти и понатаму го примаш назад. Ме убива самата помисла на сите ноќи кои ги проплака поради него, поради се’ што ти кажа или направи. Јас секогаш бев покрај тебе и ќе останам. Јас сум твоја пријателка.
Најтешко ми е да слушам кога ќе кажеш колку си осамена без него, дека не можеш да замислиш никој друг покрај себе освен него. Ме убива кога те гледам како свесно ги откажуваш сите свои планови со пријателите, бидејќи се сети да се јави, а ти веднаш се согласуваш на средба. Тогаш ќе ти каже нешто што сакаш да слушнеш, повторно да те врати и твоето верување колку си му важна и единствена, тоа ме убива, бидејќи е само прашање на време кога по кој знае кој пат, повторно ќе ти го скрши срцето.
Ме убива кога те набљудувам колку се бориш за вниманието на својот маж. Ме убива кога ќе ти ги видам солзите во очите, бидејќи во последен момент ги откажа своите планови. Ме убива кога ќе слушнам како те нарекува со навредливи зборови. Ме боли кога ќе видам колку се трудиш околу него, колку го сакаш, а тој ти враќа во капки љубов и тоа кога нему му одговара.
Ме убива кога те гледам како секој пат со убаво му се враќаш, а тој не заслужува некој со такво прекрасно срце како што е твоето. Тој знае дека може да манипулира со своето враќање, да измисли некое оправдување, а ти секој пат го примаш. А тој знае колку го сакаш и то ме боли. Ме боли бидејќи знам дека по твојата насмевка следат солзи на твоето лице. Тоа не е љубов. Ќе дојде некој кој искрено ќе те сака, без никакви услови, кој нема да посака да те менува, бидејќи за него ќе бидеш совршена токму таква каква што си. Раскинувањата се болни, тешки, го знам тоа. Знам дека ќе страдаш, но тоа е најдобрата опција за тебе.
Тој нема да се промени. Него не можеш да го смениш. Време е да кажеш колку се сакаш себе и да си заминеш. Ме убива да те гледам колку страдаш, бидејќи знам дека заслужуваш подобро, а длабоко во себе го знаеш тоа и ти.
by Рита
Leave a Reply