Не те боли туѓата грубост, туку твојата немоќ

Не те боли уште едно разочарување, туку тоа што секогаш дозволуваш таа личност да биде дел од твојот живот. Не те боли уште една ‘шлаканица’ , туку чувството на немоќ бидејќи му веруваш на погрешен човек. Тој што толку пати те повреди. И постојано се надеваш дека ќе биде подобро, а доказите зборуваат спротивно. Волкот влакното го менува, но табиетот никако.

И не е до таа личност, туку до тебе. Бидејќи и понатаму и’ дозволуваш да внесува немир во твојот живот. Бидејќи не ги постави границите и рече- доста! Не те боли туѓата грубост, колку твојата немоќ. И недостатокот на одлучност да го запреш тоа еднаш засекогаш. А го можеш тоа. Знаеш дека можеш. Само те влечат стари емоции и научено однесување. Навика дека сте блиски. А не сте. И никогаш не сте биле.

Се’ е тоа само илузија, која во моментот кога ќе ја освестиш пополека почнува да исчезнува. Или уште подобро, зависи од тебе. И колку си далеку од сознанието дека вредиш повеќе. Многу повеќе од тоа. Што побрзо се освестиш, побргу тој некој ќе исчезне од твојот живот. На овој или оној начин. Бидејќи повеќе нема да бидете компатибилни. Нема да бидете на иста вибрација и нема да можете да се сретнете.

Слаби се луѓето, полни со стравови и болка. И им требаат уште послаби од себе, за да се чувствуваат посилни. Затоа ако се издигнеш, ако ја освестиш својата сила и одлучно ги застанеш во нивната намера да ти носат немир во животот, тие сами ќе си одат. Во потрага по некој послаб. Бидејќи повеќе тоа не си ти. Не си ставајте премногу во срцето. И затоа тоа не го сфаќај лично. Бидејќи веројатно не е до тебе, ниту до нешто што си или не си направил. Туку до нив и нивните внатрешни борби. Нивните демони. А ти само им се најде на патот.

Не боли туѓата грубост, туку твојата немоќ која крие некоја лекција за тебе. Затоа малку подалеку. Бидејќи не можеш нивната болка да ја залечиш со својата. И на никој нема да му донесе добро секое ново вознемирување. Сочувај го својот мир и исцели ги раните. Оддалечи се колку што можеш. Енергетски, емотивно и физички ако можеш. Што подалеку. А нив посакај им исто. Со сето срце, одалеку. Па, кој знае? Можеби токму со тој гест ќе допринесеш за светлото во нивната душа. И ќе донесеш мир на двете страни.

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: