Фрида Кало: Се надевам дека постоиш и го читаш ова…

Еден од цитатите на славната сликарка Фрида Кало, која не’ инспирира на животното патување од кое можеме да научиме нешто за уметноста на смртноста. Како и другите уметници и сликари, Фрида Кало направи прекрасни дела врз основа на своите искуства на интензивна болка и страдање, како што е реакцијата на нејзиното сакатено тело по собраќајната несреќа и бурната врска со нејзиниот ментор и колега сликарот Диего Ривера.

Страдањето го носеше со големо достоинство и непоколеблива искреност, отворено- како и многу други уметници на 20 век- со ранливост и невиност на вистинска женственост која и’ даваше голема веродостојност и интегритет.

Еден од цитатите на Фрида Кало кој не’ инспирира на нашиот животен пат: ‘Бев убедена дека сум најчудната личност на светот, но тогаш размислував, има толку многу луѓе на светот, мора да постои некој како јас, кој на ист начин се чувствува бизарно и сакатено. Замислував, дека постои некаде и мисли на мене. Па, се надевам дека постоиш и го читаш ова и знај дека е точно, бидејќи сум овде и подеднакво сум чудна како и ти’. Сите сме ние во ист чамец, нема вистинска разлика меѓу нас, сите сме Едно. Сите можеби мислиме дека нешто не е во ред со нас во некои моменти од животот. Единствена бариера меѓу нас (и во тоа нужна за некои аспекти на животот) е ова остварување меѓу себе и другите. Преку уметноста и свесноста можеме да сфатиме дека не сме сами и нема разлика меѓу нас. Никогаш ниту била.

Извор: www.fractalenlightenment.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: