Не дозволувај твоите садови да светат повеќе од тебе

Бев на дното кога одлучив дека ќе бидам среќна. Станував секое утро со мисла дека нешто ќе падне од небо. Насмевки, вечни љубови, неверојатни патувања, остварување на соништата, лични задоволства… Меѓутоа, ден по ден ништо не се менуваше и очајот растеше во мене. Сфатив дека ја губам секоја прилика во чекање.

Така еден ден одлучив да почнам да ги прифаќам своите емоции и своите надежи, без болка и негирање. Едноставно почнав да го негувам своето трпение и способност за размислување. Еден ден станав и бидејќи не знаев што да правам, одлучив да бидам среќна. Секој ден е добар за промена, но како и се’ во животот, се’ има и свој момент. Не можете да барате портокали на јаболкница, за тоа треба да бидете подготвени.

Кога ќе сфатите дека доволно страдавте, почнувате да се прашувате кои работи не ги правите правилно, а одговорот е сосем едноставен: не можете да бидете среќни ако непрестано се борите сами со себе. Бидејќи таа внатрешна борба не’ уништува. Ми досади постојано да ми зборуваат ‘каква глупост’, ‘не вреди тоа’, ‘престани да плачеш’, ‘мора да научиш дека животот е тежок’, ‘немаш причина да бидеш таков’ итн. Но, зошто?

Зарем луѓето не сфаќаат дека е сосем нормално да се биде тажен кога нешто не е во ред? Дали мора да одите наоколу со насмевка на лицето, дури и ако внатре сте оштетени? Па, жал ми е, но во животот не е се’ бело или црно. Го прифаќам присуството на сивото, розевото, жолтото или било која друга боја. Мора да се разбере дека во животот секоја емоција има функција, која не е магла на стакло од прозорец, па да ни пречи да ја видиме зората. Апсолутно не.

Функцијата на емоциите е да ни помогнат да растеме и да го разбереме ова место наречено свет. Често на чинот ‘се чувствувам добро’ се гледа како на обврска, тажна и фрустрирачка. Ако се чувствуваме лошо, чувствуваме обврска да се поправиме. Но, така нема да успееме и ќе бидеме само уште полошо. Тоа е маѓепсан круг поради кој ќе се чувствуваме неспретно, виновно и несреќно, односно фактот дека не можеме да ја постигнеме целта кој себеси ја поставуваме. Кога ќе се присилиме да се чувствуваме подобро и ќе престанеме да се грижиме, проблемите ни стануваат се’ поголеми. Тоа е спиралата на вина.

Наметнување на чувства е чисто лудило: ако во одреден момент сме тажни, тоа е според нешто. Ако одлучиме да ги прифатиме овие видови на чувства, ќе не’ научат на многу прекрасни и корисни работи за да бидеме среќни. Меѓутоа, ако не ги прифатиме или ги тргнеме од себе, ќе завршиме во тунел без излез. Мудрост е уметност на прифаќање на она што не може да се промени, да се промени она што може да се промени или пред се’, познавање на разлика помеѓу овие два концепти.

Да се биде среќен не значи да се биде добро расположен цел ден. Без сомнеж, добар хумор е основна состојка на среќа, но не е ниту единствен, ниту неопходен. Можам да ви кажам илјада теории за среќа, но сеуште не го знаеме вкусот на оваа комбинација на состојки. За што се работи? Дали зависи од целта? Патот? Нивото на мудрост? Внатрешниот мир?

Во стварноста никој не знае што е среќа, но тие кои вистински чувствуваат, зборуваат за ‘прифаќање’ и ‘отпуштање’. Благодарејќи на овие концепти сфаќаме дека одиме по правиот или погрешниот пат. Обично чекаме среќата да падне на нас, но во меѓувреме се бориме со својата стварност. Често сме најинтелигентни во врска со тоа: имајте на ум дека работите се подобри кога ќе им дозволите да се случат и да го обогатат вашиот живот со своите учења. Веројатно она што треба да направите е да ја напуштите оваа потресна борба против себе, да ја прифатите болката како неизбежен аспект на животот и ќе сфатите дека внатрешниот мир доаѓа дури кога внатрешната војна ќе заврши.

Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/non-sapevo-cosa-fare-e-mi-sono-resa-felice-crescita-emotiva

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading