Oprah Winfrey: Како да го отпуштите минатото?

Толку ја усовршив уметноста на отпуштање на минатото што заборавам да бидам лута. Прашајте било кој, кој ме познава ќе ви потврди: јас навистина не се лутам долго. Ја научив лекцијата дека некои луѓе не се од доверба (или се опасни, безобразни, некултурни и сл), но постојаното размислување за она што некој направил или кажал, едноставно го пуштам.

Зад ова стојат години искуство и слушање приказни на стотина луѓе кои толку цврсто се држат до минатото што стануваат негови заложници. Еден од примерите за најголемата трагедија на човечкото однесување е кога возрасни маж и жена не можат да престанат да се расправаат за случуваања кои биле во минатото. Какво губење на драгоцено време и енергија, да се биде затвореник по сопствен избор, оптеретен со теретот на минатото.

Неспособноста или подобро речено неподготвеноста на човечкиот ум да го отпушти минатото, убаво го кажа Eckhart Tolle во својата книга ‘Нова земја’ со приказната за двајца монаси: ‘Танзан и Екиду оделе по селска патека, сета во кал по многу дождови. Во близина на селото сретнале девојка која се обидела да ја помине патеката, но калта била толку длабока што нејзиниот фустан се заплеткал и таа останала закопана во калта. Танзан без размислување ја подигнал и ја пренел на другата страна. Монасите молчејќи го продолжиле патот. Пет часа подоцна, додека се приближувале до храмот во кој требало да преноќат, Екидо не можел повеќе да издржи:’ Зошто ја пренесе девојката преку патеката? – запраша. ‘Ние сме монаси и не смееме да правиме такви работи’. Танзан одговорил: -‘Јас девојката ја спуштив на безбедно место пред неколку часа, зарем ти сеуште ја носиш?’

Ова се однесува на многу луѓе. Можеби сте и вие еден од нив и се држите за нешто што се случило или за нешто што по ваше мислење требало да се случи. Но, јас ве прашувам: Со која цел? За да се чувствувате добро? Праведно? Оправдано? Докажувањето дека сум во право порано беше голема мана на мојот карактер и морав свесно да работам на тоа. На промена ме натера едно единствено прашање: ‘Сакаш да бидеш во право или сакаш мир?’ Ништо не е вредно за да го трошите времето попусто. Време кое можете да го посветите на љубовта и животот во потполност. Време кое никогаш не можете да го надокнадите.

Извор: Oprah.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: