Зарем мислиш дека нечие мислење за тебе, може да те ‘убие’?

Зарем мислиш дека нечие мислење за тебе, може да биде вистина за твоeто битисување?

Луѓето те гледаат преку своето расположение, а не низ стаклото на објективноста, бидејќи такво нешто не постои. Она си што можеш да замислиш во своите најсмели мечти.

До таму уште не си дошол, поради сопнувањата кои ти ги прави стравот; стравот дека ќе успееш, а не дека нема тоа да се случи.

И тогаш, негативното мислење на другите за тебе, ти доаѓа како издишување, изговор и некакво олеснување.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: