Кога ќе направиш чистка во својот живот?

Многу си должиш себеси, а најмногу време и внимание. Колку време ‘фрли’ на безначајни работи, правејќи она што ти предизвикува гадење, задржувајќи се таму каде што одеше со грч во стомакот, колку луѓе околу тебе кои ти ја црпеа позитивната енергија, бараа во тебе само лошо, глумеа големи пријатели, а зад грб ти удираа нож во грбот?

Си остана себеси должен за многу почитување, тогаш кога последно место беше само за тебе резервирано. И најмногу љубов си скрати. Ги сакаше и оние кои во секоја твоја криза исчезнуваа од твојот живот, се даваше на оние кои тоа ниту малку не го заслужуваа. Наместо тоа време да го вложиш да се подобриш себе, да ги надградиш своите вредности, ти се грижеше за туѓите и правеше она што тие бараа од тебе.

Многу малку имаше доверба во себе и во своите таленти кои ги запостави и кои засекогаш исчезнаа. Заборави да ги зацелиш своите стари рани. Ти мислеше дека ги имаш своите исцелители, а на крајот токму тие луѓе те оставија уште повеќе празен и уште повеќе оптеретен.

Должен си себеси да почнеш во малите работи да трагаш по среќата, да не ги земаш сериозно луѓето кои се’ во светот гледаат негативно и црно и да се сетиш на сите оние убавини кои некогаш те опкруживалe, а не биле дел од твојот свет.

Должен си себеси да го пронајдеш оној дел од изгубената душа која ја расфрли каде што стигна, да си ја вратиш себеси храброста која некаде во своите тивки битки ја заборави и повторно да ја почувствуваш лепезата на оние чувства кои ги чувствуваше кога беше дете и кога го освојуваше светот.

Многу работи си должиш себеси, а најповеќе да живееш за идеали во кои навистина веруваш, да ги остваруваш соништата кои ги носиш во своето срце и на крајот да го живееш навистина она што сакаш и заслужуваш.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: