Кога ќе престанеме од луѓето да очекуваме да бидат совршени, тогаш ќе почнат да ни се допаѓаат, онакви какви што се

Ако сте во фаза на лична револуција, овие 5 факти можат да ви помогнат да останете на вистинскиот пат.

1. Никој не може да им угоди на сите. Размислете за најсимпатичната и најпочитуваната личност која ја познавате. Дали таа тоа го постигна, затоа што им угодува на другите или се држи до своите уверувања, дури и тогаш кога ќе налета на критики? Иронично, угодувањето на другите, не создава нови пријателства. Тоа прави да се жртвувате самите себе, за мала или никаква надокнада. Кога ќе престанете да се грижите за туѓите очекувања, ќе можете да ги откриете сопствените.

2. Не морам да бидам личноста која бев вчера. Многу од нас се обидуваат да бидат она што не сакаат. Се плашиме од промена, а и другите се плашат да не се смениме. Бидете храбри. Размислете кои особини сакате да ги имате и трудете се да станете таква личност. Другите со вашата промена нека се носат како сакаат. Тоа што вчера сте биле такви, не значи дека утре, мора да бидете исти. Вие и само вие имате единствена моќ да се промените.

3. Љубов и грижа за себе, не се исто што и себичност. За да им бидеме корисни на другите, прво мора да ги задоволиме сопствените потреби. Додека тоа не го направиме, не можеме да придонесуваме во општеството, ниту да го подобриме светот.

4. Не постои совршено. Не постои совршена врска, совршена работа, совршени моменти или ситуации во животот. Реално е она што можеме да очекуваме од себе и од другите. Совршенството е мит, бидејќи нашите несовршености не’ прават луѓе. Поради несовршените моменти во животот, вреди да се живее. Како што Доналд Милер, американски писател еднаш рече: ‘Кога ќе престанеме од луѓето да очекуваме да бидат совршени, тогаш ќе почнат да ни се допаѓаат, онакви какви што се’.

5. Животот не е натпревар. Не постојат победници или губитници. Секој од нас е на сопствениот пат и со тек на времето ќе стигнеме на целта. Споредувањето со другите, само создава непотребен стрес и незадоволство. Пуштете ги луѓето да живеат онака како сакаат.

Фокусирајте се на себе. Животот не е трка и нема да добиеме медал, ако стигнеме на целта, пред некој друг. Оваа вистина најдобро го објаснил Руми, во својата песна:’ Земи некој кој не ги брои резултатите, кој не сака да биде побогат и кој не се плаши да изгуби, кој не го интересира ниТУ сопствената личност- Тој е слободен.’

Дозволете да живеете слободно. Не дозволувајте да ве сопнуваат вашите сакани, општеството и најважно од се’, сопствените несигурности.

Извор: iheartintelligence.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: