Кога сме подготвени најпрво да се сакаме себеси, добиваме многу енергија која им ја даваме на другите. Луѓето често не го разбираат овој факт. Кога себе си вистински се сакаме, среќни сме што можеме да се грижиме за болното дете, партнерот или стариот родител.
Многу луѓе мислат дека оние кои се сакаат себе, се себични и дека не сакаат да им помагаат на другите. Всушност, токму е обратно! Оние кои не се сакаат себе, мразат да прават добро за другите.
Таквите луѓе, кога прават нешто за другите, го прават тоа бидејќи посакуваат да бидат сакани, а не затоа што сакаат тоа да го прават! И затоа што нивните дела не доаѓаат од срце и не се сакаат себе, почнуваат да имаат замерка на личноста за која се грижат. Но, ако вистински се грижите за себе, со задоволство ќе му помогнете на друг.
Leave a Reply