Не можат луѓето да направат се’ што сакаат. Не можат ни сите ветувања да ги одржат. И тогаш се тргаат. Бегаат. Ние мислиме дека повеќе не не’ сакаат, а тие не смеат на очи да ни излезат, бидејќи веруваат дека сме разочарани или повредени. Во тој вртлог на недоразбирање, многу добри односи исчезнаа.
Затоа сакам да се знае: Никој ништо не ми должи. Ништо од никого не очекувам.
Да работиш на себе е сериозна работа и не остава простор да се чека реакција на другиот. Да работиш на себе, значи да правише многу и за другите. Убава е таа работа. И може да се работи и од дома.
Ако ме сакаш, пушти ми убава мисла и не се грижи дали стигна.
Да…стигна.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply