Подобро сама, отколку со маж кој не те заслужува

Да не се лажеме, врските можат да бидат многу интересни и неверојатни. Меѓутоа, често се губење на време. Дали можете да ги изброите сите врски во вашиот живот кои не успеале? Сигурна сум дека многу од нив завршиле поради кретенот кој не ви се јавил или престанал да ве почитува.

Вистина е дека вас тоа не ви е потребно! Не треба да чекате некој да ве повика или да молите некој за почитување. Не ви треба личност која ќе ве лаже или личност која сака да ве промени. Ако пак очекувате дека вие ќе го смените него, се залажувате. Стварноста вели дека најверојатно нема! Сите имаат мани, но лажење и изневерување се избори. Избори свесно направени. Вас не ви треба тоа.

Ако сте сами, тоа не значи дека ви недостасува маж во животот. Потрагата по вистинскиот не е толку важно како што беше порано. Сега, да се биде сам, не значи да се биде осамен. Можете да се чувствувате осамено дури и кога сте во врска. Не ви треба маж за да успеете и да патувате низ светот. Посебно не некој кретен кој ве нервира. Не се плашете да бидете сами. Не ви треба врска за да бидете среќни. Среќата е многу повеќе од тоа! Дури и ако одлучите да бидете во врска, бидете внимателни.

Водете се со мислата дека имате се’ што ви е потребно- себе. Уживајте во животот сами. Времето поминува бргу и не сакате да го трошите залудно, зарем не? На крајот, сакате да бидете сигурни дека имате се’ што ќе посакате, а не да жалите што ги трошевте своите нерви, енергија и време на некој кој едноставно не е вреден.

Секогаш запомнете, ако вие не се сакате себе, нема другите да ве сакаат. Бидете силни и жестоки, бидејќи мора да бидете, за да успеете во денешниот свет. И за тоа не ви треба никој.

‘Вие како и секој во овој универзум заслужувате љубов и приврзаност’. Буда

Извор:novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: