Пушти ги конечно оние кои те кршат

Сме прочитале и дискутирале многу работи за негативноста и природата на гревот, но никогаш никој не рекол дека еден од најголемите гревови е неиживеан живот.

Има многу луѓе кои не го живеат својот живот како што заслужуваат. Многу работи кои ги одвраќаат од остварувањето на нивните животи е погрешно. Тоа се само слики, привиди во нивните мисли. Вистински застој воопшто нема.

Не треба никогаш да им дозволиме на нашите стравови или очекувањата на другите да управуваат со нашата судбина. Привилегирани сме со тоа што уште имаме време. Имаме живот и срамота е да го ограничиме со страв и погрешни препреки.

Иринеј, прекрасен филозоф и теолог од вториот век, рекол: ‘Слава Божја е човекот, кој е целовит’. Убаво е да се замисли, дека вистинското божество е присутност, во која сета убавина, единство, креативност, темнина и негативност се ускладени. Божественото има таква страст на создавање и инстикт за целовито остварување на животот.

Ако и’ дозволете на својата природа да оживее, тогаш се’ ќе дојде во ритам. Ако го живеете животот кој го сакате, ќе примите заштита и благослови. Понекогаш, недостатокот од благослови во нас и околу нас, произлегува од фактот дека не го живееме животот кој го сакаме, туку го живееме животот кој се очекува од нас.

Обликот на секоја душа е различен. Постои тајна судбина за секоја личност. Кога ќе се обидете да ги имитирате другите или се туркате себеси во некој калап, тоа е предавство на својата особеност. Треба да се вратиме на внатрешната осаменост, повторно да го пронајдеме сонот кој лежи во срцето на нашата душа. Кога повторно ќе го откриеме детето во нас, влегуваме во светот на нежни можности. Потоа ќе се најдеме себеси, многу често на местото на пријатност, радост и славење.

John O’ Donohue

Извор: alternativainformacije.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: