Кажи ‘Да’ таму каде што гледаш прилика и свое ‘Не’ таму каде луѓето не те заслужуваат

Кога ќе видиш некој храбар, биди сигурен дека во него има многу внатрешни борби, ништо не доаѓа само од себе. Сите големи луѓе на кои светот им се воодушевува, станале храбри од силната болка низ која поминале, раните кои останаа позади тоа, брчки и белите влакна, кои повеќе никогаш нема да исчезнат.

Се ‘делкале’ себеси, своите уверувања, своите навики, своите размислувања и формите на делување и направиле тоа што нас ни се чини само по себе разбирливо.

Кога ќе видиш некој ‘силен’ човек, значи имал многу внатрешно страдање. Колку има само внатрешни превирања, неправди, кои се поднесуваат и никој не може да ги исправи. Но, вештината да се биде јак, значи да се покаже дека никогаш нема да се дозволат работи кои некогаш се дозволувале, бидејќи лекцијата е научена на многу тежок начин, отколку вообичаено..

Кога ќе видиш некоја личност која те воодушевува, знај дека во нејзиниот живот ништо млако и половично немало, никакво одложување и бескрајно премислување, движење по линија на помал отпор и самозалажување.

Тоа е личност која јасно кажа ‘Да’ , таму каде што виде прилика и свое ‘Не’ таму каде луѓето, работите и околностите и’ даваат она што не заслужила и што не е вредно. Затоа и донесе одлука, после која ништо не е исто.

Јунаци и борци, се создаваат тогаш кога нешто им е важно, а си одат, бидејќи сфаќаат дека за нив ‘таму’ место нема, ниту смисла, истиот начин на живот да го негуваат во иднина. Се создаваат, кога ќе поверуваат дека се способни да ги остварат оние работи, кои им се појавуваат во сон и за тоа не треба да бараат ничија дозвола или потврда.

Охрабри се и направи исто, без оглед на цената и она што другите ќе кажат. Твојот живот е само твој. Направи и земи го она што го заслужуваш.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading