Никогаш не смееш да се изгубиш себе додека сакаш некој друг

Како да се пушти најголемата и најлошата љубов на својот живот? Врска во која би дала се’ за да станеш личност која твојот ‘единствен’ ја посакува. Твоите падови можеби се најлошите лузни кои ги проба како жена, но тие се бледи во споредба со твоите подеми. Длабочината на твојата љубов е бесконечна и твоето простување е непоколебливо. Беше племенита, несебична, но на крајот на тој однос, оставена е таа празнина на левата страна, болни гради кои молат за воздух кој не можат да го вдишат.

Тој процес не е едноставен. Тоа е една од најтешките работи кои јас некогаш можев да ги доживеам во животот. Тој ми недостасува секоја минута, секој ден. Поголемиот дел од денот воопшто не чувствувам дека моето срце е во градите. Но, она што научив од оваа болка е дека не постои една универзална вистина за односите како што е оваа. Без оглед на тоа колку вода сте туриле во напукната чаша, водата секогаш ќе истече. Љубовта не треба да биде условена, но простувањето да. Постојат граници кои никогаш не смеат да се поминат.

До сега доживеав многу искуства со загубата. Бев јака тогаш и ќе останам јака засекогаш. Видов личност пред себе која беше прекрасна, внимателна, тоа беше мојата сродна душа. Но, не видов ниту одблиску како таа внимателна личност исчезнува се’ повеќе и повеќе, како крајот се приближуваше. Бев борец! Бев племенита! Бев силна! Мојата љубов е бескрајна и моето простување безусловно. Проклетство! Ако морав да доживеам загуба, никогаш не дозволив тоа да биде без никаков труд да биде поинаку.

Она што не успеав да сфатам е како безусловно простував, како ги прифаќав зборовите кои не можат да се повлечат или да се поработи на нив, но, тогаш не бев силна. Бев слаба во моите уверувања, бидејќи е лесно да се поверува во оние ‘делови’ на некој кој го сакате, отколку да се соочите со стварноста дека заслужувате подобро.

Јас цврсто верувам во идејата дека никогаш не си губитник поради љубовта, туку неизбежно ќе изгубиш ако се држиш за некој. Ако ноќе можеш да заспиеш, знаејќи дека даде се’ што можеше, сакаше најмногу што можеше, дури и ако не успее, ќе преживееш.

Не е важно што мојата љубов е бескрајна. Не е важно што моето простување е безусловно. Сите компромиси кои ги направив, сите тајни солзи кои ги ронев зад вратата од мојата соба, ништо не значи. Постои многу суптилна разлика помеѓу борбата за личноста која ја сакате и самосвесното уништување на себе поради него. Кога се бориш за некој кој го сакаш, ти си племенита и несебична. Можеш настрана да ги ставиш сите ситни разлики, бидејќи ја цениш љубовта меѓу вас двајцата, повеќе од неважните аргументи. Твојата гордост тогаш станува секундарна мисла кон личноста која ја носиш во срцето.

Но, кога се уништуваш поради некој, тогаш ги кршиш некои свои добри квалитети кои ги поседуваш во настојувањето да ги пренесеш на личноста која ја сакаш. Сама со себе правиш компромис над зборовите и делата кои никогаш нема да ги прифатиш пред да ги означиш со зборот ‘љубов’. А кога тој ќе замине, ти ќе останеш со болна празнина и осаменост која ќе се граничи со неподнесувањето и целосното исчезнување на чувството за себе.

Љубовта е вредна за ризик. Мојата љубов е искрена и длабока. Но, никогаш не смееш да се изгубиш себе додека сакаш некој друг. Не простувај безусловно, бидејќи со време не само што ќе ја изгубиш љубовта кон себе, туку и себеси.

Z&S

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: